АНКЕТА: Трипати повеќе граѓани сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите, Груевски со најголема доверба

– Во пресрет на изборите на 11 декември владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ има предност пред опозициската СДСМ, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ужива најголема поддршка меѓу политичарите, покажуваат резултатите на анкетата на Институтот „Димитрија Чупоски“ спроведена  телефонски од 7 до 10 октомври на 1.237 испитаници.Според анкетата, чија цел е да ја измери поддршката на граѓаните кон политичките партии и политичките лидери во државата, како и нивните перцепции за политичките партии во неколку сегменти од политичкото делување, за ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле дека ќе гласаат 27,6 отсто од испитаниците, а за СДСМ 16,1 отсто. За ДУИ се определиле 6,3 од анкетираните, за ДПА 2,9 отсто и за ГРОМ 1,4 отсто. Поддршката изразена за останатите партии е под еден процент.

На прашањето на кој политичар најмногу му верувате, за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски се изјасниле 30,1 отсто испитаници, за Зоран Заев од СДСМ 8,9 отсто, за Али Ахмети од ДУИ 5,9, за Мендух Тачи 2,6, за Стевчо Јакимовски од ГРОМ 1,1 отсто.
Запрашани која политичка партија ќе победи на следните избори 40,5 се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, за СДСМ 14,8 отсто, ДУИ 7,6, ДПА 1,9, додека 27,1 отсто исптаници рекле дека не знаат, а 8,1 отсто се определиле за други.

На прашањето која политичка партија има подобра економска програма ВМРО-ДПМНЕ ја посочиле 53,2 отсто испиатници, СДСМ 23,6 отсто, а 23,2 рекле дека не знаат.
Во однос на прашањето кој е најголем проблем за вас 65,4 отсто рекле дека тоа е економијата, инвестиции и вработувања, за 8,7 отсто е зачленувањето во НАТО и ЕУ, следат 6,7 отсто за зајакнување на безбедноста, 6,1 отсто се определиле за унапредување на слободата и демократијата, 3,9 отсто за спорот за името и 9,2 отсто испитаници навеле други теми.

Запрашани кој може да ви помогне за решавањето на тој проблем 59,2 осто испитаници се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, за СДСМ 20,1 отсто, не знам одговориле 20,7 проценти од анкетираните.
Во анкетата која е спроведена на ниво на целата територија на Република Македонија, биле опфатени сите изборни единици, но и други релевантни демографски карактеристики на населението како пол, возраст, и етничка припадност. Дополнителна поделба беше направена и според руралните и урбани места на живеење. Сите резултати од анкетата подлежат на статистичка грешка од +/- 2проценти, посочуваат од Институтот.
Според анкетата, чија цел е да ја измери поддршката на граѓаните кон политичките партии и политичките лидери во државата, како и нивните перцепции

Пронајдете не на следниве мрежи: