Анкета: Убедливо водство на кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ

Според анкетата на Институтот Павел шатев, владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ и нејзините кандидати за градоначалници имаат убедлива предност од кандидатите за градоначалници на опозициската СДСМ.
Во поголемите општини низ Македонија, кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ убедливо водат, а тоа покажува дека народот сепак реши да верува на делата и на се она што е ветено на претходните избори и сработено од страна на владеачката партија и политичарите кои се дел од неа.
Според анкетата на Институтот Павел Шатев, во Аеродром убедливо води Ивица Коневски со  57,1 отсто наспроти 11, 9 отсто, анкетирани кои би гласале за Диме Велковски од опозициската коалиција.
Владимир Талевски во Битола води повеќе од двојно со 38,7 отсто од гласовите, а Менде Петковски би освоил 13,2 отсто.
Во Прилеп, Марјан Ристески ја има довербата на Прилепчани со нас 50 отсто. Во споредба со контракандидатот Хари Локвенец, доверба за Ристески искажале 53,4 ,а за Локвенец 17 отсто од граѓаните.
Васил Пишев за само два проценти заостанува зад Зоран Заев во Струмица. Пишев би освоил 27,3, а Заев 29,3 отсто. Изедначена е довербата и за советничката листа во Струмица. Мртва трка и во Велес каде што Славчо Чадиев за помалку од еден процент има послаба доверба од Аце Коцевски. За Чадиев би гласале 35,8 , а за Коцевски 36, 4 отсто од граѓаните. Затоа, пак, двојно е поголема довербата на граѓаните во советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ.
Во Штип, Илчо Захариев е во убедливо водство со 46,7 отсто во однос на 17,1 отсто од гласовите што би ги добил Здравко Коцев. И Никола Бакрачески за повеќе од 10 отсто е пред актуелниот охридски градоначалник Александар Петрески. За Бакрачески би гласале 42 отсто од охриѓаните, а за Петрески 31,2.  И советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ е во предност од десет отсто. Во Центар, Владимир Тодоровиќ би освоил 43,2 отсто наспроти Андреј Жерновски со 32,9 отсто од гласовите на оваа општина.
Во општината Карпош, Стевче Јакимовски е на прво место со 27,5 отсто од довербата, а Јагнула Куновска веднаш зад него со 20,1 отсто и на трето место е Андреј Петров од СДСМ со 14,7 отсто. За два и пол отсто, советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ е во предност пред онаа на СДСМ.
Актуелниот градоначалник на Гевгелија Иван Франгов води со 39,4 отсто пред Саве Марачков со 33,3 отсто од гласовите. Во Кочани води актуелниот градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Ратко Димитровски со 37,2 отсто наспроти Миле Андонов со 27,8 отсто. Сашко Николов би освоил 51,2 отсто од гласовите во Радовиш, а Игор Милев 23,9 отсто. Во Кисела Вода, Биљана Беличанец е во водство со 43, 8 отсто, а Љупчо Васовски од СДСМ би освоил 12,1 отсто.
Во Кавадарци води актуелниот Александар Панов со 38,3 отсто. Бетијан Китев има 12,2 отсто доверба. Во Гази Баба актуелниот прв човек на општината има голема предност. Тони Трајковски би освоил 48,4 , наспроти Борче Стефановски со 18,3 отсто од гласовите. И Петре Латиновски во Бутел е фаворит со 41,8 отсто за разлика од Коста Начевски со 11,7 отсто доверба.   Сокол Митревски, како актуелен градоначалник има предност. За него би гласале 38,3 , а за Александар Наумовски 25,4. Зоран Ѓорѓиевски и Зоран Дамјановски во мртва трка за Куманово. За актуелниот градоначалник би гласале 29,7, а за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ 28,9 отсто. Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ е во водство од 6 отсто. Во Ресен Ѓоко Стрезовски двојно води со 28,7, а Јордан Проевски би освоил 14,3. Во градот Скопје, Коце Трајановски победува во првиот круг. Доказ за тоа е тројното водство на Коце Трајановски пред Јани Макрадули. Актуелниот градоначалник би освоил 47,9, а Макрадули 15, 9 отсто од гласовите.
Како што покажуваа оваа анкета, народот реши да ги остави празните ветувања зад себе и да чекори напред за подобра Македонија.
Делата си го прават своето, па така и во оваа ситуација на овие локални избори, делата покажуваат дека владеачката партија со својата програма има визија за подобра Македонија, каде што во иднина народот ќе биде среќен, ќе живее удобен и мирен живот, а на Македонија дополнително ќе и се отворат патиштата кон Европа и НАТО.
Анкетата е направена телефонски и врз репрезентативни примероци од 600 до 1000 испитаници во периодот од 4-ти до 15-ти овој месец.Според анкетата на Институтот Павел шатев, владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ и нејзините кандидати за градоначалници имаа

Пронајдете не на следниве мрежи: