Што се смени од крајот на ноември до средината на јануари? Опозицискиот лидер Зоран Заев за неполни два месеци го смени својот став околу одењето на избори, иако во суштина ништо не е променето. Анкетите на релевантните ИРИ и „Брима Галуп“ имаа одлучувачко влијание за СДСМ сега да бега од изборно соочување.Самиот Заев и СДСМ кон крајот на ноември сметаа дека 24 април е соодветен термин за одржување на изборите.
-И верувам дека уште на 24-ти април заедно на предвремените избори работите во нашата земја ќе се сменат со промена на власта и заедно ќе чекориме кон модерните европски земји, изјави Заев на 18-ти ноември од Словенија.
Сепак, неполни два месеци подоцна, Заев и СДСМ веќе не мислат исто. Избирачкиот список и тогаш беше ист, исто како и Законот за медиуми, главните услови поради кои сега Заев вели дека не се исполнети за да се појават на избори.
-СДСМ вечерва имаше плодна дебата и донесе едногласна одлука СДСМ нема да учествува на изборите на 24 април, изјави Заев деновиве.
Фактичката состојба покажува дека причината за ваквата промена на ставовите не се ниту прочистувањето на избирачкиот список, ниту состојбата со медиумите, туку две релевантни анкети кои се појавија во меѓувреме и кои покажуваат катастрофален рејтинг на СДСМ.
Па така, на 21-ви ноември, само три дена по изјавата на Заев за избори на 24-ти април, во јавноста излезе анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) со која предвидува нова десетта по ред убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ. Според неа, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 24% од анкетираните, наспроти 12% кои би го поддржале СДСМ. На истата анкета Груевски останува на врвот со 18% поддршка, за разлика од Заев чиј рејтинг тоне и во кого веруваат само 5% од анкетираните.
Покрај анкетата на ИРИ, кон менувањето на ставот на Заев и стравот од соочување со анродот силно влијаеше и анкетата на „Брима Галуп“ објавена на 13-ти декември, според која според којаза ВМРО-ДПМНЕ би гласале 33, 3%, а за СДСМ 14,7% од гласачите.Самиот Заев и СДСМ кон крајот на ноември сметаа дека 24 април е соодветен термин за одржување на изборите.
-И верувам дека уште на 24-ти ап