АНОМАЛИИ: Дали забележувате нешто необично во видеото?

Џихадистите Исламската држава докажаа дека се вешти во користењето на онлајн медиумите како алатка за ширење на пропаганда. Меѓутоа, нивното видео во кое ги убиваат египетските Копти, со големо негодување беше дочекано кај аналитичарите.Пред околу недела дена, беше објавено видео на кое се гледа како џихадистите им ги отсекуваат главите на 21 христијани-Копти, кои беа киднапирани во Либија, поради што во Египет беше прогласена седумдневна жалост.
Аналитичарите кои го гледале видеото, забележале дека постојат повеќе аномалии кои сугерираат дека довеле до дополнително монтирање за да се постигне драматичен ефект.
Верјан Кан од Институтот за тероризам и истражување, истакнува дека видеото има „голем број продукциски аномалии“. Еден од факторите кој кај многумина предизвика сомневање е висината на џихадистите, наспроти нивните жртви.

„Делот во кој се правени манипулирањата е оној во кој се забележуваат многу високи џихадисти и џуџести христијани“, смета Мери Ламберт, која е холивудска режисерка на хорор филмови.
Кан објаснува дека висината на Џихади Џозеф (џихадистот кој се обраќа пред камерата) не соодтветствува со позадината, што всушност е знак дека сцената е снимана во затворен простор.
„ИД се покажаа како вешти во користењето на технологијата со зелена позадина, најмногу поради тоа за да го ограничат изложувањето пред беспилотните летала“, смета Кан.
На крај, видеото покажува море црвено од крв. Ламберт смета дека станува збор за специјален ефект, а Кан додава дека станува збор за „најевтината и најлесна пост продукциска алатка“.

Пред околу недела дена, беше објавено видео на кое се гледа како џихадистите им ги отсекуваат главите на 21 христијани-Копти, кои беа киднапирани в

Пронајдете не на следниве мрежи: