„Анонимус“ се обиделе да ја заземат зградата на „Би-Би-Си“ во Лондон

Учесниците во протестите „Милион маски“ во организација на активистичкото движење „Анонимус“ се судрија со полицијата во центарот на Лондон и пред Бекингемската палата.Извикувајќи „Единствено решение е револуцијата“, учесниците на протестот се обиделе да влезат во зградата на медиумската куќа „Би-Би-Си“, но полицијата го сопрела таквиот обид, пренесуваат странските медиуми.
Демонстрантите фрлале на полицијата со разни предмети и сообраќајни знаци, а потоа ги искршиле металните барикади што ги поставила полицијата. Приведени се петмина демонстранти.
Поголемиот дел од нив носеле маски со ликот на Гвидо Фокс, човекот што на 5 ноември 1605 година се обиде да го дигне во воздух британскиот парламент, а оваа маска на „Анонимус“ стана симбол на незадовилните луѓе, кои се борат против алчноста и економската нееднаквост.Извикувајќи „Единствено решение е револуцијата“, учесниците на протестот се обиделе да влезат во зградата на медиумската куќа „Би

Пронајдете не на следниве мрежи: