Анонимуси го возвратија ударот: Соборени над 5.500 акаунти на Твитер, откако ИСИС ги нарече идиоти!

Хакерската група Анонимуси успешно хакнале преку 5.500 кориснички на Твитер кои, како што велат, им припаѓаат на членови на Исламската држава.Оваа објава од Анонимусите доаѓа само 24 часа откако хакерската група предупреди дека ќе преземе координирани и таргетирани напади врз членовите на Исламската држава.
„Нашата подготвеност да ги срушиме ИСИС е директен резултат на нашиот софистициран хакерски колектив, минирачи на податоци и шпиони кои ги имаме насекаде низ светот. Ние имаме и луѓе кои се многу, многу блиску до ИСИС на терен, кои ни даваат информации за ИСИС и за нивните активности“, велат Анонимусите.
Неколку дена по нападите во Париз, кога Анонимусите ѝ објавија војна на Исламската држава, ИСИС им одговори со видео во кое Анонимусите ги нарече „хакерска група на идиоти“.

Пронајдете не на следниве мрежи: