Првин федерализација, па присоединување на западниот дел на Македонија кон Албанија, е шокантната и скандалозна визија на поранешниот британски дипломат Тимоти Лес содржана во негова неодамнешна колумна со наслов „Дисфункција на Балканот“ и во која отворено се залага за прекројуавње на границите на целиот Балкански Полуостров.На дело е грозоморен план за разнебитување на државата Македонија. Тоа што го пишува Лес, СДСМ го спроведува на дело. Слепото следење на СДСМ на политиката за дезинтеграција на РМ поддржана од неколку моќни центри е голем велепредавнички чин на оваа партија кон целиот македонски народ, смета експертската јавност анализирајќи ги ставовите на поранешниот британски дипломат.
Дека федерализацијата на Македонија и сè поизвесното воведување на албанскиот јазик како рамноправен јазик во Република Македонија не е политичка манипулација на опозицискиот лидер Зоран Заев во предизборниот процес, туку реална закана која секако ќе се реализира со помош на државни институции од извршната и судската власт и странскиот фактор, постизборно сфатија и поддржувачите и симпатизерите на СДСМ.
Што значи редефинирање на унитарниот карактер на државата
Според ветувањето на Заев, идната федерализација на државата, за чиешто име дополнително ќе се одредува судбината, има три фази, кои етапно ќе се воведуваат во следните неколку години. Заев се залага за доспроведување на процесот за поделба на земјата до степен на неповратност. Тоа што со нивниот речник е „редефинирање“ на унитарниот карактер на државата, значи воведување на двојазичност, па федерализација и потоа отцепување на државата со можност за приклонување кон соседни држави.
Заев им дал „беса“ на албанските радикали, но и на сите албански политички фактори во земјата. Според ветувањето на Заев, идната федерализација или кантонизација на државата, за чиешто име дополнително ќе се одредува судбината, има три фази, кои етапно ќе се воведуваат во следните неколку години. Двојазичноста е само прва од трите фази на федерализацијата заедно со кантонизацијата и федерализацијата, како преоден пат кон отцепување на делови од Македонија.
Прва фаза – употреба на албанскиот јазик во полицијата и во армијата, поделба на кантони
Со првата фаза е опфатена зголемена употреба на албанскиот јазик како официјален јазик, пред сѐ во безбедносниот сектор и во институциите, пред сѐ во полицијата и во армијата, но и поделба по федерални единици, кантони, односно развивање на општините во „понапреден систем на самоуправување“.
Втора фаза – Албанците ги добиваат функциите претседател на Собранието, премиер или претседател на државатаВо втората фаза треба да се воведе двојазичност на целата територија на државата. Воедно, на албанските партии при „поделба на колачот на власта“ им се нудат институции и функции. Од една страна ветени се функции како претседател на Собранието, премиер или претседател на државата. Преку институциите, пак, ќе бидат доделени безбедносните ресори МВР, потоа ДБК, БЈБ, како и финансиските столбови УЈП, царината… Во оваа фаза би требало да се одвива и административно поврзување на федералните единици.
Трета фаза – распад на Македонија и реализирање на проектот Голема Албанија
Третата фаза би значело само формализирање на федерализацијата на државата, поделба на кантони, кои потоа лесно би се отцепиле и би се припоиле кон соседни држави.
Мрачни прогнози за Македонија од поранешен британски дипломат
Првин федерализација, па присоединување на западниот дел на Македонија кон Албанија, е шокантната и скандалозна визија на поранешниот британски дипломат Тимоти Лес содржана во негова неодамнешна колумна со наслов „Дисфункција на Балканот“ и во која отворено се залага за прекројуавње на границите на целиот Балкански Полуостров.
– На краток рок Вашингтон треба да ја поддржи внатрешната фрагментација на мултиетничките држави каде што малцинствата го бараат тоа. На пример, да се прифатат барањата на Албанците за федерализација на Македонија и тоа на Хрватите за трет ентитет во Босна. На среден рок САД треба да им овозможат на овие различни територии да формираат блиски политички и економски врски со своите поголеми соседи, како што е овозможување двојно државјанство и воспоставување заеднички институции додека формално ќе останат дел од нивната постојна состојба – е замислата на овој аналитичар, која би требало да се оствари во првата фаза.
Во следната, последна фаза, тој отворено порачува дека овие територии може да се обединат со соседните матични земји.
– Во последната фаза тие би можеле да се ослободат од своите постојни состојби и да се обединат со матичната земја, можеби во почетокот како автономни региони. Еден хрватски ентитет во Босна ќе се спои со Хрватска; Република Српска и северот на Kосово со Србија; и Прешевската Долина, западна Македонија, а и повеќето од Kосово со Албанија. Во меѓувреме Црна Гора, која може да ги изгуби своите мали албански енклави, или ќе остане независна или ќе се соедини со проширената Србија. Во остварувањето на овој план САД едноставно ќе ја заживеат визијата на Вилсон за Европа составена од самоуправни земји – освен во оној дел на континентот каде што оваа визија никогаш се применувала – потенцира тој.
СДСМ го спроведува на дело тоа што Лес го пишува
Универзитетската професорка Тања Каракамишева- Јовановска смета дкеа текстот на аналитичарот Тимоти Лес во целост се совпаѓа со планот на СДСМ за воведување политипни општини и нивна поголема автономија која на крај треба да доведе до процес на кантонизација или федерализација на Р. Македонија и нејзина дезинтеграција.
-Тоа што го пишува Лес, СДСМ го спроведува на дело. Слепото следење на СДСМ на политиката за дезинтеграција на РМ поддржана од неколку моќни центри е голем велепредавнички чин на оваа партија кон целиот македонски народ. Македонските граѓани треба да го знаат големиот план против државата кој не е во наш интерес, и силно и одлучно да му се спротивстават, бидејќи согласно меѓународното и домашното право Македонците имаат право на одбрана на својата татковина и на нејзините интереси. Резервна татковина немаме, вели Каракамишева- Јовановска.
Македонците, нагласува таа, мора да сфатат дека пред нивните очи се случува реализација на поголем план за распаѓање на државата Република Македонија, и дека ова сценарио можат да го сопрат само и единствено Македонците ако се заедно сплотени против него.
-Како што наведува Лес во текстот, сите балкански држави ќе имаат соодветна територијална трампа, освен БИХ и РМ кои нема да имаат никаква корист освен штета. Како што вели Лес, ова може да биде мошне проблематично за Македонците кои се сентиментално врзани за својата држава. Загубата на териториите, Македонците ќе треба да го прифатат без никаква територијална размена што е најпогубно решение за сите нас. Токму затоа апелирам овој текст на Лес да се сфати сериозно, да се сфати како отрезнување на сите Македонци, да се сфати како последно предупредување што ни се подготвува и што сакаат да направат од нас и со нас. Ако денес не се освестиме утре ќе биде предоцна, вели Каракамишева- Јовановска.
На дело е грозоморан план за разнебитување на Македонија
Политичкиот аналитичар Тони Науновски смета дека со месеци, со години, на дело е грозоморен план за разнебитување на државата Македонија.
-Ресурсите кои се употребуваат, осиленоста и дрскоста на непосредните извршители на овој најнов обид да ни ја уништат државата, вклученоста и координираноста во дејствата на неколку автономни непријателски центри на моќ, недвосмислено упатува на заклучок дека оваа битка мора да ја сфатиме како лична битка и последна за нас, Македонскиот народ. Ако бидеме поразени, ќе немаме држава, ќе бидеме историски и национално анихилирани, ќе го загубиме Уставно-правниот статус на народ, и набрзо ќе бидеме бегалци, апатриди, вели Науновски.
Дипломатот и поранешен амбасадор Ристо Никовски вели дека текстот на Тимоти Лес очигледно е инспириран и повод е ситуацијата во Македонија.
-Дали е тоа само негова идеја или се работи за нешто пошироко тешко е да се каже, меѓутоа во секој случај тоа не е туку така. Тоа не е без некоја подлабока цел, идеја и потреба. Мислам дека неговите ставови и оценки се апсолутно нерелевантни иако можат да значат порака за нас дека во тој правец ќе ја тераат државата, а факт е дека по она што го следиме последните 25 години тоа е случај. Мислам дека таквиот развој на настаните ќе значи крај на мирот, не само на Балканот, туку и на Европа бидејќи нова промена на границите на Балканот било во Македонија, Косово, Босна и Херцеговина ќе значи нови конфронтации и нова крв. Ако тој веќе се злага за некакви национални држави, како што споменува за Балканот, што останува тогаш за Флорида каде има огромен број на Кубанци, Латиноамериканци. Дали тие ќе се приклучуваат кон Куба или некоја друга држава, што ќе се случува во една Шпанија, Каталонија, а да се навратиме и во неговата Британија каде ја имате Шкотска која на референдум не успеа да се отцепи бидејќи беше многу нерегуларен што ќе се случи со една Северна Ирска која е дел од окупациите британски кои биле реализирани претходно, вели Никовски.
Аналитичарот додава дека таква една политика на национални држави во 21 век е погубна, нè враќа во 19-ти век и ќе значи крај на мирот во Европа од сите аспекти.
-Не треба да се посветува поголемо внимание на овие залагања, иако треба да биде предупредување бидејќи во основата може слободно да се поверува дека зад идеите на Тимоти Лес не стои само тој, туку има и некоја друга позадина, вели Никовски.На дело е грозоморен план за разнебитување на државата Македонија. Тоа што го пишува Лес, СДСМ го спроведува на дело. Слепото следење на СДСМ на по