Антиќ си фаќа сеир: „И мене Бо ми беше виновен“

Натурализирањето на странски спортисти за настап во македонскиот национален тим одново стана топ-тема откако најпрвин Ангеловски, а потоа и капитенот Лазаров проговорија против ваквиот тренд во ракометот.Во дискусијата вечерва се вклучи и капитенот на кошаркарската репрезентација, Перо Антиќ, кој стави до знаење дека не се согласува со ваквиот став на ракометарите.
„Да бидам и јас модерен, и мене Бо ми е крив што не направивме ништо на последното Европско во словенија и јас сум против натурализирање на играчи:))) Еве како капитен тогашен да го посочам виновникот… (да знаете дека играв повреден последните натпревари)“ – напиша Антиќ на својот фејсбук-профил.

Подолу во дискусијата што се развива под напишаното од страна на нашата кошаркарска ѕвезда, тој испраќа јасна порака дека вината никако не смее да се бара кај индивидуалци: ПОЕНТАТА: Во тимски спорт сите победуваме и сите губиме „ЗАЕДНО“!!! Затоа сме избрале ТИМСКИ спорт.
Мудри зборови од страна на кошаркарскиот капитен, останува да видиме дали и колку ќе допрат до засегнатите во ракометниот национален тим.
Извор: ekipa.mkВо дискусијата вечерва се вклучи и капитенот на кошаркарската репрезентација, Перо Антиќ, кој стави до знаење дека не се согласува со ваквиот став

Пронајдете не на следниве мрежи: