Антиреформската влада на СДС од ден во ден ја покажува својата неспособност и неодговорност

СДС продолжува да ги полни институциите со партиски кадриСДС продолжува да ги полни институциите со партиски кадри го прави со грубо кршење на законот. Според информациите кои ги добивме од медиумите во министерството за економија за државен секретар е поставен Зоран Павловски од позицијата раководител на сектор за администрирање на приходи, локален економски развој и стратешко планирање во Општина Куманово, а не од вработените во министерството, со што беше прекршен законот за административни службеници, вели Арсовски.
Тој вели дека ист ваков случај имало и пред неколку дена кога во министерството за здравство беше именуван за државен секретар Владимир Милошев претходно вработен во клиничката болница во Штип, а не во Министерството и исто така во тој случај беше прекршен законот за администрација.
Два случаи на незаконско именување за создавање на хаос и неизвесност, вели Арсовски.
-Согласно законот односно Членот 23 став 6 јасно вели вели дека Секретарот од ставот (1) алинеја 1 на овој член од редот на административните службеници од категоријата Б, односно од редот на раководните вработени го назначува министерот и истиот треба да ги исполнува посебните услови за работното место за нивото Б4 на раководни административни службеници.  Според законот за административни службеници членот 101 став 2 Глоба за раководното лице на институцијата за прекршување на овој законот изнесува 7.500 до 15.000 евра, вели Арсовски.
Ова, додава тој, претставува класично непочитување на законите и за тоа некој еден ден ќе сноси санкција. Ова е класично рушење на институциите во Македонија. Да биде иронијата поголема денес случајот со именувањето на државниот секретар во Економија се врши пред носот на Агенцијата за државни службеници. Тие со министерството за економија делат еден ист објект, ама абер немаат да реагираат на ваквите груби кршења на законот со што се загрозува функционирањето на администрацијата.
-Ова не е само партизирање на институциите. СДС врши рушење на системот преку не почитување на законските одредби. Тоа не е само штета за институциите, нивното нормално функционирање, туку преставува и директна штета на државата и пред се на граѓаните. Со овие кадровски решенија СДС го доведува во прашање нормалното функционирање на администрацијата во министерствата и спроведувањето на нивната основна должност да бидат сервис на граѓаните и да одговараат на нивните потреби и барања. За сите вакви незаконски однесувања и кршење на законите одговорност ќе има за секој вклучен и за секој засегнат, изјавува Арсовски.СДС продолжува да ги полни институциите со партиски кадри го прави со грубо кршење на законот. Според информациите кои ги добивм

Пронајдете не на следниве мрежи: