Гран при наградата на интернационалниот фестивал „Тра ла ла” во Битола ја освои Антонија Дора Плешко од Хрватска. Таа синоќа на гала вечерта во рамките на 17-тото издание на фестивалот во Народниот театар во Битола настапи со песната “Што те нема” освојувајќи ги во целост симпатиите на публиката и жири комисијата.„Се чувствувам одлично. Го сакам овој фестивал и ја сакам Македонија и Битола. По трет пат сум тука и еве го и гран-прито. Досега сум настапувала на цел Балкан, во Америка снимав песни, како и на Бахамите. Со музиката го пропатував светот.“ –изјави Антонија Дора Плешко при врачувањето на наградата.
Покрај гран при наградата синоќа на затворањето на фестивалот беа врачени специјалнитенагради, како и прва, втора и трета награда во вкупно пет категории. На фестивалот се претставија 53 млади музички таленти од 17 држави. Покрај учесниците од Македонија, на фестивалот настапија солисти и делегации од Шведска, Словенија, Србија, Романија, Португалија, Црна Гора, Молдавија, Малта, Литванија, Косово, Израел, Унгарија, Хрватска, Бугарија, Босна и Херцеговина и Белoрусија.
Фестивалот, кој годинава одбележува 17 години постоење, е во организација на Асоцијацијата за уметност „Алексовски“, а фестивалот „ТРА-ЛА- ЛА“ е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија и општина Битола.„Се чувствувам одлично. Го сакам овој фестивал и ја сакам Македонија и Битола. По трет пат сум тука и еве го и гран-прито. Досега сум настапу