Новите генерации на апарати за брзо сушење на раце се појавија пред неколку години во јавноста, па многу се израдуваа за сушењето на раце и убивање на бактериите за само 10 секунди. Но, работите не излегоа баш така како ште беа најавени.Произлегува дека овие уреди имаат голем број на недостатоци. Пред се, тие се многу бучни, а некои експерти тврдат дека им треба повеќе време да ги исушат раце отколку што тоа го наведуваат производителите. Но тука се и бактериите.
Хартиени крпи наспроти апаратите
Бактериите многу побрзо се шират на влажни раце ако почесто се ракувате, а не сте ги исушиле вашите раце правилно – тогаш не сте морале дури да се трудите да ги миете .
” Истражувањата покажаа дека бактериите на мокри раце се пренесуваат илјада пати побрзо”, изјави Карен Кларк, микробиолог на компанијата Dyson .
Најголемите светски производители на овие уреди, Dyson и Kimberly-Clark , со сите сили се обидуваат да нè убедат во нивната загриженост во врска со хигиената и на планетата. Kimberly-Clark објавиле студија дека овие апарати за сушење на раце дури го зголемуваат бројот на бактерии на рацете. Иако не може да се објасни зошто е тоа така, сметаат дека причината лежи во фактот дека вашите раце остануваат влажни и постои поголема веројатност да соберете нови бактерии од околината.
Според нивните истражувања, хартиени крпи се најефикасниот начин за сушење на рацете. Ова тврдење Dyson го побил со својот извештај , кој покажува колку апаратот е подеднакво хигиенски како и хартиените крпи.
Независни експерти се согласуваат со ова тврдење и велат дека е невозможно да се каже кој е подобар начин на сушење на рацете, бидејќи тоа зависи од моментот и околностите.
Немојте да ги триете вашите раце
Голем број од нас ги тријат рацете под апаратот, со цел да се забрза процесот на сушење, но една студија спроведена од страна на Dyson извршена на Универзитетот во Брадфорд ,покажува дека на овој начин само се зголемува бројот на бактерии. Важно е да не ги допирате во внатрешноста на апаратот ,бидејќи таму има голем број на бактерии.
Бројте до 20
“Во нашите студии никогаш не сме откриле дека апаратите за сушење на раце ја постигнале задачата на рацете за само 10 секунди. Откривме дека најефикасно време е 20 секунди , но ретко кој од нас ќе остане толку време за да ги исуши рацете “, вели микробиологот Рон Клатер .
Најдобриот метод , според Клатер е прво да се исушат на апаратот , а потоа да завршите со сушење со хартиена крпа.
Влијанието на бучавата
Минатиот месец , научниците од Универзитетот во Лондон откриле дека бучавата од апаратите ги ” тероризира старите лица, лицата со дијагноза како што се деменција и хиперакузија , а може да доведе до преосетливост на звук , особено кај децата со аутизам и Аспербергов синдром.
Џон Левак Древер , шеф на единицата за практични истражувања на звук при Голдсмит Универзитетот , вели дека многу апарати за сушење прават поголема бучава од оние кои се рекламираат.
“Јас го разбирам тоа што се боат за хигиената и ергономијата, но доаѓаме во ситуација дека луѓето ќе престанат да ги мијат и сушат рацете”, вели Древер , додавајќи дека производителите требало да размислат за бучавата во нивните идни дизајни.
Миењето e важно
“Мислам дека тоа не е толку голем проблем како некој ги суши рацете, туку како ги мијат “, вели микробиолог Хју Пенингтон .
Истражувачите во 2008-ма година ставиле течен сапун во тоалетите на бензински пумпи во Велика Британија. Од 200 илјади луѓе кои го користеле тоалетот , само 32 отсто од мажите и 64 проценти од жените користеле диспензер.
Пенингтон советува дека рацете треба да се стават под топла вода, да користите сапун и добро да се истријте до зглобовите и меѓу прстите околу ноктите околу 20 секунди.Произлегува дека овие уреди имаат голем број на недостатоци. Пред се, тие се многу бучни, а некои експерти тврдат дека им треба повеќе време да ги