Агенцијата за храна и ветеринарство апелира до сопствениците на животни да го пријават секое угинато или исчезнато грло кај нив или кај матичниот ветеринар од надлежното ветеринарно друштво со кое имаат склучено договор.Агенцијата апелира тие сами да не вршат подигање и отстранување на мршите бидејќи се потенцијален извор за појава и ширење на зарази.
Доколку имаат сознанија за угинато животно во поплавите, граѓаните треба да ги информираат дежурните официјални ветеринари од тимовите стационирани во пунктовите во населените места Инџиково и Црешово и во основните училишта „25 Мај“ во Сингелиќ и „Кирил и Методиј“ во село Стајковци.
– Без оглед на тоа дали станува збор за крупен, ситен добиток или за угинати домашни миленици, тие се евидентираат по што се врши нивно подигање и закопување со соодветна механизација на локација која е одредена од страна на општините, која не претставува опасност ниту за животната средина ниту за луѓето, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.
Стручни тимови од Агенцијата, во соработка со ветеринарните друштва и комуналните претпријатија, досега од регионот на Стајковци и Сингелиќ извршиле извлекување, евидентирање и нештетно отстранување на 63 угинати овци и кози, 12 свињи, 250 пилиња, 160 гулаби, две кучиња и една мачка, како и на 18 грла говеда, едно јаре и шест зајци.
Во ветеринарно информативниот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство, во населените места Арачиново, Брњарци, Инџиково, Сингелиќ, Смиљковци, Стајковци и Страчинци и Црешово, евидентирани се вкупно 365 активни одгледувалишта (каде што се чува жив добиток) со 2481 говедо, 3354 овци и кози.Агенцијата апелира тие сами да не вршат подигање и отстранување на мршите бидејќи се потенцијален извор за појава и ширење на зарази.
Докол