Во Општина Неготино се реализирани низа проекти кои се во насока на подобрување на животот на граѓаните.Од хидраулично регулирање на притисокот на водата кое повлекува низа други проекти со крајна цел 24 часовно обезбедување со вода на граѓаните.
-Во делот на патната инфраструктура ги реконструиравме и асфалтиравме патните правци, Тимјаник-Долни Дисан, Курија-Парикура и Неготино-Криволак, реконструиравме улици во градот, изградивме уште два краци на фекална мрежа во темник. Поставивме водоводна и фекална мрежа во градска порта и урбан блок 5, ги уредивме централните подрачја, асфалтиравме 3 улици неколку помали во Војшанци, вели градоначалникот Ванчо Апостолов.
Изградени се, додава тој, игралишта во сите населени места а спроведени се и голем број на проекти на територијата на целата општина.Од хидраулично регулирање на притисокот на водата кое повлекува низа други проекти со крајна цел 24 часовно обезбедување со вода на граѓаните.