Apple ја најави овогодинешната WWDC конференција

Фото: Apple Apple го откри датумот на одржување на годинешната WWDC, односно Worldwide Developers конференцијата, значајна не само за програмерите, туку и за останатите поради откривањето на новите верзии на оперативните системи на компанијата. Овој пат, WWDC ќе трае од 9 до 13 јуни. Вообичаено, најмногу внимание предизвикува првиот ден со претставувањето на новите верзии на iOS, iPadOS, macOS, watchOS и tvOS.
Ќе биде интересно да видиме колку овојпат фокусот ќе биде на Apple Intelligence, со оглед на минатогодишните големи објави што не се целосно реализираа, особено во однос на подобрената верзија на Siri. Но, конференцијата не се врти само околу вештачката интелигенција. Ќе биде особено занимливо поради шпекулациите за значаен редизајн на оперативните системи, пред сè на iOS и macOS. Се тврди дека корисничкиот интерфејс ќе биде преработен, следејќи го стилот на visionOS, а можни се и подобрувања во начините на користење на macOS.
И оваа година, конференцијата ќе се одржи онлајн, но дел од програмерите и студентите ќе имаат привилегија да присуствуваат во живо и да комуницираат со вработените во Apple. Преносите на сите презентации ќе бидат бесплатни за програмерите, а првиот ден ќе биде достапен за сите, преку веб страницата на Apple и нивниот YouTube канал.
The post Apple ја најави овогодинешната WWDC конференција appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: