Apple: 90% од полначите што се продаваат преку Amazon се лажни

Околу 90% од полначите кои се продаваат на Amazon се лажни. Ова го покажува студија на Apple, која е главен доказ во тужбата кој компанијата ја поднесе против производителот Mobile Star LLC, соопштува интернет изданието Patently Apple.Во последните 9 месеци, Apple има купено и анализирано над 100 полначи од различни дилери на Amazon. Се покажало дека во 90% од случаите полначите се лажни. Проблемот се усложнува бидејќи Amazon ги означува предметните полначи како оригинални и со тоа веројатно компанијата била излажана од трговците.
Првично, од Apple се обратиле до Amazon за да побараат повеќе детали. Од компанијата изјавиле дека повеќето полначи доаѓаат од компанијата Mobile Star LLC. Предметните уреди не поминале тестови за квалитет ниту безбедносни проверки. Според Apple, лажните полначи се подложни на прегревање и самозапалување, но и има ризик и од струјни удари. Покрај тоа, Mobile Star го користела незаконски логото на Apple на предметните уреди.
Apple побара од судот да го забрани увозот на овие полначи во САД, како и конфискација и уништување на сите лажни копии. Пред онлајн изданието „9to5mac“, Amazon коментира дека има нулта толеранција за продажба на фалсификувана стока и ќе помогне во решавањето на проблемот.
За сега, онлајн продавницата не е наведена како страна во случајот.Во последните 9 месеци, Apple има купено и анализирано над 100 полначи од различни дилери на Amazon. Се покажало дека во 90% од случаите полначите

Пронајдете не на следниве мрежи: