Apple е премногу загрижен поради се поголемиот број на информации кои „протекуваат“ од компанијата поврзани со новите производи

Apple ангажира екс шпиони за да сопре протекување на информацииApple е премногу загрижен поради се поголемиот број на информации кои „протекуваат“ од компанијата поврзани со новите производи, особено за претстојните премиум смартфони.
За да воведе поголема сигурност, како и ефикасност во откривање на вработените кои лиферуваат информации, Apple ангажирал повеќе поранешни шпиони од ЦИА, како и агенти за сајбер безбедност од НСА и агенти за безбедносни протоколи од ФБИ.
Идејата на Apple е да создаде внатрешен систем на надзор и контрола врз своите вработени со цел да спречи нови протечени информации.
Опседнатост на Apple со тајноста За да биде проблемот уште поголем токму интерниот состанок со вработените кој го воделе шефовите на обезбедување и истраги беше тајно снимен и објавен на интернет што го посрамоти Apple пред јавноста. Во минатото најмногу протечени информации за прототипи, за процесот на производство и новите компоненти, па дури и слики и видеа од функционални модели на Apple доаѓаа од фабриките во Азија каде се врши производство и склопување на iPhone и iPad.

 
Сега состојбата е подобрена и протекувањето на информации е ограничено, но интересно е што повеќе откривања на доверливи информации има од самото седиште на Apple во Калифорнија и придружните оддели.
Треба ли корисникот да биде информиран?
Главната грижа на Apple е дека ако премногу се шпекулира и говори за следниот модел како на пример iPhone 8 ќе стагнира продажбата на актуелната понуда на смартфони. Корисниците ако знаат дека доаѓа многу подобар и поквалитетен модел со значителни новитети и иновации тогаш ќе сакаат да почекаат со купување и ќе се насочат кон моделот кој пристигнува следната година. Секако, ова е исправен став на Apple кој го имаат и сите други производители без оглед дали се од мобилната индустрија или други сектори, секој сака што е можно подолго да го држи својот производ во тајност се додека не дојде време за негово лансирање.
Ликстерите на Apple се делат во четири категории. Првите се колаборационисти кои намерно со трети страни се договараат за протекување и достава на одредена доверлива информација, па се до актуелен прототип и нова технологија. Истите може да паднат во рацете на конкуренцијата што претставува кривично дело и индустриска шпионажа, а се користи за фалсификување на смартфоните на Apple или користење на неговите функции за своја цел. Во втората група спаѓаат лица кои протекуваат информации затоа што се незадоволни од начинот на кој се третирани од Apple па затоа наоѓаат начини да и се одмаздат на компанијата, а често и на конкурентен тим кој работи на различен проект. Третата група е помалку безболна бидејќи станува збор за ненамерно откривање на информации, на пример преку лошо испратен мејл, а четвртите пак се жртви на „фишинг“ напади.
Заклучок Apple прави напори од петни жили да наметне целосна контрола врз своите вработени, тоа ќе доведе до поригорозни корпоративни практики, силно внатрешно обезбедување, немилост кон ликстерите и се поголема затвореност за новите идеи. Од друга страна фановите на Apple сакаат да читаат шпекулации, да дебатираат дали следниот iPhone треба да има 4 или 6 GB RAM, дали да има безжично полнење или некоја нова луда технологија. Со тој пренос на податоци се генерира огромен интерес кон производите на Apple со што и компанијата има голем бенефит бидејќи практично добива бесплатен ПР и маркетинг во медиумите.
Заклучок
Apple прави напори од петни жили да наметне целосна контрола врз своите вработени, тоа ќе доведе до поригорозни корпоративни практики, силно внатрешно обезбедување, немилост кон ликстерите и се поголема затвореност за новите идеи. Од друга страна фановите на Apple сакаат да читаат шпекулации, да дебатираат дали следниот iPhone треба да има 4 или 6 GB RAM, дали да има безжично полнење или некоја нова луда технологија. Со тој пренос на податоци се генерира огромен интерес кон производите на Apple со што и компанијата има голем бенефит бидејќи практично добива бесплатен ПР и маркетинг во медиумите.
Некогаш компаниите и сами протекуваат прототипи и модели само за да направат еден пробен тест, да ја видат реакцијата и потоа да решат каков ќе биде конечниот исход. Можеби Apple треба да размисли и на оваа тактика на добро осмислени протекувања наместо целосно да се затвори.
 
 Apple е премногу загрижен поради се поголемиот број на информации кои „протекуваат“ од компанијата поврзани со новите производи, особен

Пронајдете не на следниве мрежи: