Apple Maps сега достапни на веб за сите уреди

Минатата година, Apple овозможи нивните мапи да се користат преку веб-прелистувачи, додека порано беа достапни само како апликација на уредите од компанијата. Мапите имаат бета статус и на почетокот не можеа да се користат преку секој прелистувач, туку беа достапни само за десктоп корисници. Сега, Apple Maps се достапни без разлика на типот на прелистувач, што значи дека секој може да пристапи до maps.apple.com и да ги користи. Веб-верзијата на Apple Maps не може да се мери со апликацијата и нуди само неколку основни функции како навигација и пребарување на локации. Според одредени информации, овој чекор од страна на Apple веројатно се должи на притисокот од регулаторните тела, особено Европската Комисија, кои бараат системите и апликациите да се отворат за поширока достапност. Не разбирам зошто некој корисник на Android би се одлучил за овие мапи кога Google Maps и многу други алтернативи веќе им стојат на располагање.
The post Apple Maps сега достапни на веб за сите уреди appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: