Ако случајно имате iPhone, постои голема можност дека седите (добро, им праќате СМС на луѓето) на рудник од злато.Во најновиот извештај на Apple за животната средина, од компанијата откриваат дека се собрани повеќе од еден тон злато од стари или надвор од употреба iPhone телефони, iPads и Macs во 2015 година.
Еден тон, односно 999,7 килограми на благородни метали се продаваат кога се враќа или заменува стариот телефон во мобилара.
Тоа е добра работа, бидејќи тоа значи дека компанијата ги рециклира металите, наместо да ги испраќа рударите да копаат во рудници надвор од Америка. Тоа значи дека старите телефони не завршуваат во депонија.
Но, самиот износ може да ве изненади.
Златото се користи поради тоа што е одличен и брз проводник на електрична енергија што не кородира лесно.
Иако бакарот е многу поевтин, тој спроведува побавно, па за една од најважните задачи е подобро да се користи злато.
Сепак, тоа е исто така многу скапо.
Колку злато има во еден iPhone?
Според CNN, секој iPhone содржел околу 0,034 грама злато во 2011 година.
Ако имате компанија која откупува или ракува со многу телефони, ова може да биде профитабилен бизнис
Како Apple ги враќа металите назад?
Тоа е пософистицирано од кршењето на телефоните со тешка цигла.
Тие измислиле робот да го направи тоа за нив – наречен Лиам.
„Постојните техники за рециклирање, како и сечењето, само сочувува неколку видови на материјали и често се намалува нивниот квалитет“ – се вели во извештајот.
„Токму затоа, ние го измисливме Лиам, линија на роботи со цел да расклопат 1,2 милиони телефони годишно, да ги сортираат сите нивни компоненти со висок квалитет и да ја намалат потребата да се ископуваат природни ресурси на планетата.“
Лиам си ја сработува неговата работа веќе и во Калифорнија и Холандија.Во најновиот извештај на Apple за животната средина, од компанијата откриваат дека се собрани повеќе од еден тон злато од стари или надвор од употр