Априлилили… Како ли започна се?

Децата просто го обожуваат овој ден, но и возрасните понекогаш тешко можат да му одолеат. Со години 1ви Април се бележи како ден на шекада низ целиот свет, но дали некогаш сте се запрашале каде и како започнала оваа „Априлијада“?Денот на шегата си влече традиција уште од средниот век, од фестивалите на дворските шутеви низ Италија и Шпанија.
Во една од „Приказните од Каунтербри“, англискиот поет Џефри Чосер запишал дека една од приказните се случува 32 дена по почетокот на Март (Syn March bigan thirty days and two) што всушност би било 1ви Април, но некои од научниците велат дека настанала грешка и дека правилната верзија гласи „Syn March was gon“, што соодветствува со 2ри Мај, датумот на свршувачката на англискиот крал Ричард 2ри и Ана од Боемија.
Пред 16тиот век народите во Европа ја славеле Новата Година на различни датуми поради различните календари. Едни ја славеле на 1ви Јануари, а други на 1ви Април. Оттука почнале шеги на сметка на тие кои Новата Година ја прославувале во Април.

 
1ви Април низ светот
Во Британија и други земји од англиско говорно подрачје луѓето извикуваат „April Fool“ за да ја разоткријат шегата. Постои една непишана традиција во Британија и Австралија дека шегите запираат на пладне, па се смета дека тој што ќе се обиде да се пошегува попладне е сушност оној изиграниот.
Во Шкотска постои традиционална шега за овој ден. Ја замолувате личноста која ќе биде „жртва“ на шегата да однесе една запечатена порака до некој ваш познаник. Кога познаникот ќе ја добие пораката, чија содржина е „DInna laugh, dinna smile. Hunt the gowk another mile“, ја сфаќа шегата и продолжува да ја „малтретира жртвата“, испраќајки го лицето кај друг човек кој наводно можел да му помогне.

 
Многумина веруваат дека денешниов празник води потекло од Иран, поради тоа што иранците ја имаат најстарата традиција за ден на шегата, која датира од 536тата година п.н.е. Иранците оваа традиција ја нарекуваат „Sizdah Bedar“ и се одбележува на 13тиот ден од Персиската нова година (1ви Април секако).
Полјаците можеби најсериозно ја сфаќаат оваа традиција. На 1ви Април во Полска сите се вмешани во шегите, дури и државните институции. Тоа било толку сериозна работа, што датумот на потпишувањето на анти-турската алијанса со Леополд 1ви бил поместед ден поназад, на 31ви Март 1683 година.
Во Франција, Белгија и други земји од француско говорно подрачје празникот е познат како „Априлска риба“ (poisson d’avril). Шегите најчесто се состојат од тоа некому да закачите рипка од хартија на грбот без да ве забележи.

 
Слични традиции
Денот на шегата се прославува на 1ви Мај во Шведска и Данска, каде и дневните весници се инволвираат во традицијата со објавување лажни вести.
Во Шпанија и Јужна Америка како ден на шегата се бележи 28ми Декември, христијански празник познат како ден на наивните. Кога некој некому му прави шега, на крајот извикува „Inocente!“ што на шпански значи невин или наивен.
Денот на шегата си влече традиција уште од средниот век, од фестивалите на дворските шутеви низ Италија и Шпанија.
Во една од „Приказ

Пронајдете не на следниве мрежи: