Три лица се уапсени во Белград поради сомневање дека ја загрозиле безбедноста на српскиот претседател Александар Вучиќ откако со автомобил налетале во колона возила во која бил тој.Инцидентот се случил во саботата околу 8.20 минути на кружен тек во Белград кога на возилото во кое се наоѓал претседателот на Србија, налетал автомобил марка Бентли со шпански регистерски таблички.
Осомничените утре ќе бидат изведени пред судија во Белград.
Според Политика, уапсени се лица од обезбедување во белградска дискотека и од порано и се познати на полицијата поради кривични дела. Според весникот, тие немале намера да ја „пресечат“ колоната во која бил Вучиќ туку сударот се случил бидејќи „возачот на Бентли автомобилот правел дрифт-потези – брзо го вртел автомобилот под полн гас за да чкрипат гумите“.Инцидентот се случил во саботата околу 8.20 минути на кружен тек во Белград кога на возилото во кое се наоѓал претседателот на Србија, налетал авто