АПСЕЊЕТО НА АХМЕД [14] ВО САД: Еве што напишале Обама и Закерберг!

Кога се викате Ахмед во САД, дури и ако сте талентиран тинејџер со склоност кон учење, може да очекувате да ви се случат бизарни работи.Токму тоа во понеделникот му се случило на 14-годишниот Ахмед Мохамед кој возбуден дошол на училиште во Ирвинг, Тексас.
Негов сон е да стане инженер еден ден, а на наставничката сакал да ѝ покаже дигитален часовник којшто сам го направил од кутија за моливи.
Но, наместо да биде пофален, завршил со лисици на рацете?!
„Со часовникот сакав да ја импресионирам наставничката, но кога ѝ го покажав, таа мислеше дека е закана“ – раскажал тинејџерот за весниците.
Накратко, таа мислела дека станува збор за бомба која отчукува. Полицијата беше повикана, а неговиот случај го згрози светот.

Но, се случи пресврт. Двајцата најмоќни луѓе во САД, лидерот на земјата и основачот на Фејсбук, го поддржаа тинејџерот. Во своите статуси го напишале следното:
„Веројатно слушнавте за приказната на Ахмед, 14-годишен ученик од Тексас кој е уапсен откако во училиште донесе рачно направен часовник. Имањето вештина и амбиција да направите нешто треба да води кон аплауз, не кон апсење. Иднината им припаѓа на луѓето каков што е Ахмед.
Ахмед, ако некогаш посакаш да дојдеш во Фесјбук, би сакал да се сретнам со тебе. Продолжи да градиш“ – напишал Закерберг вчера.
Од друга страна, американскиот претседател, Барак Обама, го наведе следното:
„Кул часовник Ахмед. Ќе сакаш ли да го донесеш во Белата куќа? Ние треба да инспирираме повеќе деца како тебе да се занимаваат со наука. Токму тоа е она што ја прави Америка голема“.
Сепак, Хилари Клинтон отворено признала дека Ахмед настрадал само поради фактот што е муслиман.
Токму тоа во понеделникот му се случило на 14-годишниот Ахмед Мохамед кој возбуден дошол на училиште во Ирвинг, Тексас.
Негов сон е да стан

Пронајдете не на следниве мрежи: