четврток, 12 ноември 2026
Најново

Апсењето на Темелко со огромен публицитет во албанските медиуми!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Апсењето на единствениот македонски градоначалник во Албанија наиде на голем публицитет како во албанските така и во косовските медиуми. Имено веста за апсењето на Едмонд Темелко наиде на голем интерес кај сите албански медиуми во регионот.Највлијателната албанска телевизија „Топ Канал“ ја пренесе веста за Темелко под наслов „Уапсен градоначалникот на Пустец“, притоа додавајќи дека Темелко е уапсен по налог на СЈО, под сомнение за изборни малверзации во Република Македонија.

Од друга страна пак националната албанска телевизија „Визионплус“ оди со сличен настан и наведува дека лидерот на македонската партија е уапсен за изборни манипулации во Македонија.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Веста за апсењето на Темелко ја пренесоа и сите останати влијателни медиуми, како телевизијата „Клан“, весниците „Шкип“, „Шекули“ и сите останати медиуми со акцент за наводни малверзации за време на изборите во 2013 во Македонија.

Апсењето на Едмонд Темелко исто така беше главна тема и во косовските медиуми, притоа поставувајќи ја како ударва вест со наслови од типот „Во Македонија уапсен албански градоначалник“, „Македонија: Уапсен актуелен градоначалник од Албанија“ и сл.

Поврзани вести