Ако во псоледните 3 години не сте биле на редовна контрола на стоматолог или не сте купиле лекови од аптека, СДСМ смета дека не треба да ве има во Избирачкиот список.Вака наједноставно може да се образложи целта на барањето кое Државната Изборна Комисија го упатила до министерството за здравство поточно до Мој термин- да се даде податок кое лице колку пати во изминатите 3 години користело некаква здравствена услуга или колку лекови земало од аптека.
Барањето на ДИК за познавачите е класичен обид на СДСМ за опструкција на процесот на чистење на Избирачкиот список. На Државната Изборна Комисија на располагање и сѕтојат базите ан податоци на 10 институции меѓу кои и Фондот за здравство.
Во меѓувреме, клучната институција која располага со податоците потребниз а процесот на пречистување е недостапна за ДИК. Дознаваме дек МВР и Оливер Спасовски веќе 7 дена не ги доставуваат потребните податоци иако обврската согласно законот треба да се спроведе во рок од 24 часа.
И лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Никола Груевски вчера ги повика надлежните институции за спроведување на изборите да работата во интерес на граѓаните. Потсетид ека двете клучни институции, ДИК и МВР се под контрола на кадри на СДСМ, па според тоа, пречистувањето и динамиката на овој процес е комплетно во нивни раце.
– Јас не би сакал да одам во детали или да ја критикувам ДИК. Сакам да ја охрабрам. Знам дека таму има и партиски луѓе што по закон се поставени како претставници на партиите и има луѓе кои се поставени како експерти за кои се очекува дека нема партиски да делуваат. Повикувам пред се на нивниот личен интегритет кој сакал нека ги пратил таму, кој сакал нека ги поставил или нека им помогнал на овој или оној начин да се најдат на таа функција. Тие пред се и над се треба да ги стават интересите на државата и интересите на овој народ што живее во оваа држава. Тие работат за граѓаните на Македонија, тие земаат плата од даноците што ги плаќа секој човек во Македонија и тие треба да се свесни на тоа. Јас разбирам дека се поставени од некоја партија некои од нив и во ред е да ги гледаат интересите на таа партија во смисла таа партија нешто да не биде неправилно оштетена. Но, да одат чекор понатаму и да прават штета на државата со цел да и помогнат на партијата, тоа е веќе нешто друго и тоа е недозволиво. И јас лично апелирам да помислат на нивниот личен интегритет, на нивното лично достоинство и на нивната лична одговорност кон заедничката наша држава Република Македонија и кон целиот народ што живее во оваа држава, изјави Груевски во интервју за „Сител“.
Што се однесува до методологијата за прочистување на избирачкиот список, Груевски наведе дека дека „ВМРО-ДПМНЕ имаше одредени забелешки, меѓутоа во интерес на времето и пред се во интерес на тоа да се сузбие алибито на СДСМ дека еве ние кочиме со ние, ние ги повлековме сите наши забелешки, а тоа го направила и ДУИ“.
– Останува уште СДСМ кои се оставени сами на површина со некакви забелешки и со тоа го држат ова прашање за нивното пазарење трампања со она што го имаат поставено за медиумите. ВМРО-ДПМНЕ тука не е пречка, а и ДУИ не е пречка, вели Груевски.Вака наједноставно може да се образложи целта на барањето кое Државната Изборна Комисија го упатила до министерството за здравство поточно до Мој т