Блаж Тиквиќ(54) поради мозочен удар има вкочанета рака, а не поседува автомобил. Судот вели дека забуни немало кога му била изречена казната. Изгледа, полицијата знае кого полицијата уапсила и кого довела на суд.
Притоа, судот во Хрватска го осудил Блаж поради возење под дејство на алкохол. На домашната адреса му пристигнала казна од 2.500 куни.
Тука би немало ништо спорно доколку Блаж не би бил инвалид. Притоа, тој не ни може да управува со автомобил. Исто така тој ден воопшто и не бил во градот.
-Пред две години имав мозочен удар и одвај останав жив. Левата рака ми остана вкочанета исто така одвај ја користам и левата нога. Тој ден бев кај еден пријател во друг град. – вели Блаж.
Во казната пишува дека полицијата го запрела, го тестирала и го однела во полициска станица на трезнење. Потоа го однеле во суд за прекршоци, па по брза постапка, сослушан е, одредена му е казна. Во судскиот допис пишува дека е уапсен возач кој работи на градежен објект, секако Блаж тоа не може да го работи.
Судот не сака повторно да го разгледува случајот
-Доказите би ги претставил во судница, но од судот не сакаат да комуницираат со мене.- вели Блаж.
Не му е јасно како дошло до забуна, бидејќи ниту ги загубил документите ниту му се украдени па на тој начин некој да успеал да се послужи со неговиот идентитет. Се сомнева само на некој роднина.
-Го побарав и го запрашав дали можеби тој го направил тоа, секако тој ништо не знаеше.-вели Тиквиќ.
Од судот велат дека не станува збор за лажен идентитет.
Судијата изјавил дека процедурата се почитувала и дека не станува збор за лажен идентитет.Блаж Тиквиќ(54) поради мозочен удар има вкочанета рака, а не поседува автомобил. Судот вели дека забу