Арапски хороскоп: Каква судбина ве очекува?

Настанал уште многу одамна и брзо се проширил…Хороскопот е едноставен и при тоа мошне интересен…
1.Дата на вашето раѓање е:-помеѓу 23 август и 22 септември – (1поен)-помеѓу 21 март и 2 април – (2поени)-помеѓу 21 јуни и 22 јули – (3 поени)-помеѓу 23 октомври и 21 ноември -(4поени)-помеѓу 21 мај и 20 јуни – (5поени)-помеѓу 21 април и 20 мај – (6поени)-помеѓу 20 февруари и 20 март – (7поени)-помеѓу 23 септември и 22 октомври – (8поени)-помеѓу 23 јули и 22 август – (9поени)-помеѓу 29 декември и 20 јануар – (10поени)-помеѓу 21 јануари и 19 февруари – (11поени)-помеѓу 22 ноември и 21 декември – (12поени)2.Во времето на вашето раќање,вашето родно место имало:-помалку од 500 жители – (1поен)-помеѓу 500 и 2000 жители – (2поени)-од 2000 до 5000 жители – (3поени)-од 5000 до 15000 жители – (4поени)-од 15000 до 50000 жители – (5поени)-од 50000 до 100000 жители – (6поени)-од 100000 до 200000 жители – (7поени)-од 200000 до 350000 жители – (8поени)-од 350000 до 500000 жители – (9поени)-од 500000 до 600000 жители – (10поени)-од 600000 до 700000 жители – (11поени)-преку 700000 жители – (12поени)

3.Кога сте се родиле вашите родители биле(се зема занимањето на таткото)-Без занимање,сезонски рабортници,невработени – (1поен)-некфалификувани работници,земјоделци – (2поени)-кфалификувани работници,трговци,занаетчии,средно медицински персонал – (3поени)-Просветни работници,лекари,воспитувачи – (4поени)-Војни лица,војни службеници – (5поени)-Административни службеници _ (5поени)-Новинари,писатели,поети – (7поени)-Помали раководители во банка,стопанство,трговија,сообраќај – (8поени)-политичари,дипломати,адвокати,судии,архитекти,инжињери – (9поени)-уметници,сликари,глумци,вајари,применети уметници – (10поени)-високи раководители,директори на фирми-(11поени)-познати личности:наука политика,уметност,спорт,естрада – (12поени)
Соберете ги броевите и поделете ги со 3,па во долната колона ќе го најдете бројот под кој е вашето оружје.Пример:родени сте на 28јули(9поени),во место кое има од 2 50000 до 100000 жители (6поени)а татко ви бил помал раководител (8поени).Значи кога ке ги собереме 9+6+8=23Во случај бројот кој ќе го добиете,како во овој случај, не е делив на 3,тогаш ке го земете најблискиот број во овој случај е 24.Така да на крај добиваме 24:3=8
Оружјата се:1)Нож2)Кама3)Џебен нож4)Арапски меч5)Буздоган6)Топуз7)Секира8)Ланец9)сабја10)Копје11)Прачка12)Стрела

 
Нож
Старо оружје кое се користи во разни напади,одбрана до секојдневна употреба во кујна.Особата родена во овој знак е непредвидлива чудна,многу мрзлива,дива,независна,равнодушна кон дисциплината и врските кои многу ветуваат,сака да доминира и одлучува сама.Сигурна во себе и во својот ум,не прифаќа конвенционалност,мислењето на другите ја оставаат рамнодушна.Во љубовта не прифаѓа компромиси,склона е кон сцени,затоа што има слаби нерви.Важно е да најде особа која се ке поднесува,па ке дојде до слога.Се сложува само со особи во знаците:топуз,ланец,стрела и прачка.Со останатите не се сложува а посебно лоши врски има со родените во знакот џебен нож,арапскиот меч и сабјата.
Кама
Старо многу сурово оружје.Особа родена во овој знак е верна,горда.Иако некогаш знае да реагира оштро,во суштина е многу симпатична.Често е омилена во друштво.Обдарена е со голема виталност,одлично здравје и многу енергија.Многу е храбра и одлично се снаоѓа во опасни ситуации и провокации.Во љубовта е романтична,знае и сака многу да дава.Никогаш не поднесува неверство и ако тоа саканата особа го направи крај е на нивната врска,без разлика колку проблеми тоа може да и донесе.Добро се сложува со родените во знакот на:ланец,лак и стрела,топуз и копје
 
Џебен нож
Уште едно клучно оружје кое може да биде многу опасно ако е во рака на лош човек.Особата родена во овој знак е дисциплинирана,голем работник е и долго размислува пред да одлучи нешто.Не сака нагли промени,има свои навики од кои тешко се одвикнува,а кога на тоа е приморана многу тешко и паѓа.Има свој стил на живот,педантерија,здрав живот и наклоност кон спорт,од кој не се одрекува ни во бракот,па често ја сметаат и за егоист.Тоа е погрешно,бидејки таа не е егоист,туку само ги сака своите навики.Во љубовта е верна,и не бара многу.Но ако најде особа која е спротивна што се однесува до навиките,доаѓа до ужасно несогласување.Заради тоа мора внимателно да одбере партнер.Добро се согласува со:копје,стрела,прачка а лошо со меч и ланец

 
Арапски меч
Ова е опасно старо оружје за напад,но и за одбрана.Особата родена во овој знак е со авантуристички дух.агресивна,нервозна,често и сурова,сака ризик и пустоловина.Има некој свој морал и норми кон кои се придржува,а мислењето на другите не ја интересира.Кога неешто сака да постигне таа е бескорпулозна,за неа често важи поговорката:Целта ги оправдува средствата.Во љубовта знае што сака и кого го сака.Кога некого ке одбере,сигурно ке биде со него,па колку тоа невозможно изгледало.Љубовта ја менува,со саканата особа е нежна,спремна на жртви и се и дозволува.Но да биде така таа особа треба да е родена во некој од следните знаци:стрела,буздоган,топузина,прачка.Никаква слога нема со ножот,џебен нож и ланецот.
Буздован:
Средновековно оруужје,но тешко може денес да се најде и во музеите.Особата родена во овој знак добро се снаоѓа во секоја ситуација,знае да наредува но и да прифати наредби,добар пријател е и особа на која може да се потпре во неприлики.Радознала е и храбра,сака да патува и изненадни необични доживувања.Во љубовта не е постојана,сака флерт,но не сака да се врзува и сите нејзини врски се површни.Повеќе го цени пријателството од љубовта.Добро се согласува со сите знакови освен со стрелата прачката и топузината.
 
Топузина:
Ова е исто средновековно оружје но тешко може да се најде во музеите.Особата родена во овој знак е со скриени способности,кои тешко може да се откријат.Може да изгледа мрзлива,а уствари е многу методична во работата и она што го работи не го работи површински.Многу е мудра но нејзината интелигенција е мирна.Молчелива е па заради тоа делува успорено,а многу е ефикасна кога нешто работи.Во љубовта е идеален партнер,бидејки не бара многу и сака мирен фамилијарен живот.Не сака кавги и сцени,сака природа и шетање во природа,романтични ситуации.Добро се сложува со сите освен со ланецот,прачката и буздованот.

 
Секира
Потребна е како орудие а неприфатлива како оружје.Особата родена во овој знак има голема жед за наука и челична желба.Тие кои ке се посветат на истажување било од која врста постигнуваат фантастични резултати и успеси во својата струка.Храбри и амбициозни,не знаат за препреки.Но како луѓе се многу мирни,тоа се идеалисти кои сонуваат за свет без војни и сакаат еднаквост помеѓу луѓето.Во љубовта дава но и бара едноставност,ситни вниманија и нежност.Тоа може да го најде само со родените во знак на ланец и прачка.Многу лоши врски имаат со ножот сабјата и  арапскиот меч.
Ланец
Средновековно оружје,користено во ретки прилики.Особата родена во овој знак е дипломат,која сака благосостојба,убави работи,познати личности и е талентиран љубовник.Особа во овој знак знае да ги заведе луѓето и да ги наговори,може да биде добар водич.Ако видите некој маж да прави сто глупости за некоја жена,знајте дека жената е од овој знак.Многу голем дипломат е и се сложува наизглед со сите,а вешто прикрива со кого не се согласува.Сепак не и се препорачува врска со топузина и буздован.
Сабја
Иако е оружје за паради,може да биде многу опасно.Особата родена во овој знак е предиспонирана да командува,бидејки има природен авторитет,чуство за организација и задоволство да владее.Сноб е и сака да доминира во монденско друштво,не сака осаменост,туку сака места во кои има бука.Во брак е добар родител.Се бори за фамилијата и сака да и пружи се најдобро.Во љубовта сака оргиналност,жешки изјави и многу каваљерство кое го бара но и го дава.Добро се сложува со стрела и копје,а лошо со нож,секира,буздован и топузина.

 
Копје
Се вика уште и *Хелебарда*,старинско средновековно оружје кое го носеле благородниците.Особата родена во овој знак е со интелектуална природа,луцидна и физички привлечна.Има богата фантазија,убаво зборува и добро се снаоѓа во секоја прилика и друштво.Одличен е како психолог.Мана и е што се чуствува надмоќно,па многу бара од животот и се разочарува кога нема да ги постигне невозможните цели.Во љубовта сака да ја обожуваат,а ако не е така,се разочарува засекогаш.Не сака флертови.Може добро да се согласува со џебен нож и камата а лошо со прачката
Прачка
Едно од најстарите оружја,кои постојат денеска само како играчка за деца.Особата родена во овој знак е креативен идеалист,интелегентна,но често паѓа во депресија.Се случува да се сомнева во себе и својата сила,потребна и е помош во невоља од која не може сама да се извлече.Често е боем со распеана душа и сака да шета и не и одговара сигурност.Во љубовта е крајно романтична,сака страствено но не само еднаш,бидејки е со заљубљива природа.Добро се сложува со стрела и арапскиот меч,а лошо со сабја и копје.
Стрела
Некогаш убиствено оружје а денеска се користи во спортска дисциплина.Особите родени во овој знак имаат јака изразена личност,интелект и голем талент,кој оди до генијалност.Нема практичен дух и може да се случи да ја злоупотребуваат материјално, таа тоа да не го приметува.Сите љубовни врски и се претежно бурни,бидејки љубовта ја сваќа на некој нејзин специфичен начин.Добро се согласува со копје,ланец и секира,а лошо со нож и џепен нож
vallery.mkХороскопот е едноставен и при тоа мошне интересен…
1.Дата на вашето раѓање е:-помеѓу 23 август и 22 септември – (1поен)

Пронајдете не на следниве мрежи: