АРАПСКИ РОБИН ХУД: Хакер украл МИЛИОНИ од банките и парите им ги донирал на сиромашните!

Младиот хакер го бркаа ФБИ и Интерпол три години, а кога конечно го уапсија, медиумите „полудеа“ по него бидејќи при приведувањето беше насмеан.Хамза Бендилаж (28) од Алжир, самопрогласениот Робин Худ, осуден е во САД на 30 години затвор и парична казна во износ од 4 милиони евра поради хакирање на преку 200 банки и кражба на повеќе од 200 милиони долари кои ги подарил во добротворни цели во Палестина во 2009 и 2010 година.
„Со една трансакција можеше да заработи 10-20 милиони долари“ – изјавил во една прилика еден американски политичар.
За разлика од останатите хакери, наместо да ги задржи парите, тој им ги донирал на Палестинците. Наводно, тој им дал 280 милиони долари.
Хамза бил уапсен во јануари 2013 година во Тајланд, кој му бил транзитна станица помеѓу Малезија и Египет. Младиот хакер не делувал вознемирено и не давал отпор при апсењето. На фотографиите од апсењето бил насмеан, поради што медиумите го нарекоа „Насмеаниот хакер“.
Според извори од тајландската полиција, Хамза се наоѓал на листата на најбарани лица на ФБИ. Три месеци по апсењето бил екстрадиран во САД, а на судот во 2015 година е прогласен за виновен и осуден на 30 години затворска казна и паричен износ од 4 милиони долари.
Хамза се товарел дека бил коавтор на банкарскиот тројански коњ по името SpyEye, а обвинет е во отсуство од страна на американските власти во 2011 година. Софтверот за креирање на вирусот го достигна врвот помеѓу 2009 и 2011 година. Се верува дека има заразено повеќе од 1.4 милиони компјутери, а им овозможуваше на хакерите да украдат податоци за онлајн пријава за финансиски сметки кои подоцна беа опустошени.
Овие денови, на социјалните мрежи повторно во центарот на вниманието се најде младиот хакер Хамза, на кого неговите фанови му оддаваат почест за хуманиот чин – донирање на дел од украдените пари за добротворните организации во Палестина.Хамза Бендилаж (28) од Алжир, самопрогласениот Робин Худ, осуден е во САД на 30 години затвор и парична казна во износ од 4 милиони евра поради хак

Пронајдете не на следниве мрежи: