„Арго“ добитник и на наградата BAFTA

Loading...

Британската академија за филмска и телевизиска уметност – BAFTA за најдобар филм во неделата навечер му ја додели на филмот „Арго„ во режија на Бен Афлек.Филмот „Арго“, драма за операцијата за спасување на американските заложници од амбасадата на САД во Техеран во 1979 година, покрај признанието за најдобар филм на годината, на Бен Афлек му ја донесе и наградата за најдобра режија, а награден е и за најдобра монтажа.Пред една седмица американскиот актер и режисер Бен Афлек го доби и значајното признание за неговиот трилер „Арго”, наградата за најдобро режисерско остварување минатата година што му го доделија членовите на Американското здружение на режисерите – DGA. Наградата на Американското здружение на режисерите се смета за една од најточните прогнози за добитникот на Оскарот за режија, меѓутоа Бен Афлек не е номиниран во таа категорија„ „Арго” е номиниран во седум други категории, меѓу кои и за најдобар филм.Последниот филм од серијалот за британскиот таен агент Џејмс Бонд „Skyfall“ е прогласен за најдобар британски филм, а BAFTA му ја додели и наградата за најдобра музика.Претходно „Арго” ја доби наградата за најдобар филм на годината на доделувањето Американската продуцентско здружение (PGA), чии продуценти покрај Афлек се и Џорџ Клуни и Грент Хеслов.Наградата на BAFTA за најдобра машка ролја како што се претпоставуваше му припадна на Даниел Деј-Луис за улогата во филмот „Линколн“ на режисерот Стивен Спилберг, каде ја толкува улогата на поранешниот американски претседателот Абрахам Линколн.Најдобра актерка, пак, е 85-годишната Емануела Рива за улогата во филмот „Љубов“ на австрискиот режисер Мукаел Ханеке. Филмот е прогласен и за најдобар странски филм.Филмот „Љубов” во јануари ја доби наградата на реномираниот Круг на филмските критичари од Лондон за најдобар филм на годината (2012-та), потоа за најдобра актерка на годината за 85-годишната Емануела Рива, како и за сценарио на годината за самиот Ханеке.Најдобар спореден актер во изборот на BAFTA е Кристофер Валц за улогата на австрискиот заболекар ловец на уценети глави д-р Кинг Шулц во „Џанго Разузданиот“ на Квентин Тарантино.Признанието за најдобра женска споредна улога, пак, за ролјата на Фантен во музичкиот филм „Клетници” според делот на славниот француски писател Виктор Игои припадна на Ен Хатавеј. Ова награда е поседната во низата што 30-годишната Хатавеј ја добива за оваа улога, откако претходно беше наградена од Кругот на филмските критичари од Лондон, а ѝ беше доделен и Златниот глобус.Филмот „Џанго разузданиот“ (Django Unchained) е награден за најдобро оригинално сценарио, доела филмот „И во добро и во зло“м ан Дејвид О. Расел ја доби наградата за најдобро адаптирано сценарио.Филмската верзија на славниот мјузикл „Клетници“ ги освои наградите за сценографија, шминка и за тон, додека „Животот на Пи“ на Анг Ли е награден за продукција и визуелни ефекти. Наградата за најдобра костимографија му припадна на британскиот филм „Ана Каренина“.
 
МакфаксБританската академија за филмска и телевизиска уметност – BAFTA за најдобар филм во неделата навечер му ја додели на филмот „Арго

loading...
Loading...