Арго, кој е втемелен на вистински настан, на режисерот Бен Афлек, го доби Оскарот за најдобар фил ма годината, на свечената церемонија која се одржа во театаратот Кодак во Лос Анѓелес.Филмот, во кој режисерот Афлек ја толкува и главната улога зборува за соборувањето на иранскиот Шах во 1979 година и акцијата за ослободувањето на американските дипломати од Техеран.Арго, во борбата за најдобар фил ги победи Линколн, историската драма на Стивен Спилберг и германската копродукција, Љубов на австрискиот режисер Михаел Ханеке.Бен Афлек, го освои својот втор Оскар, откако во 1998 година заедно со својот пријател Мет Дејмон, добија Оскар за најдобар сценарио за филмот Добриот Вил Хантинг.Арго за победник преку видео врска го прогласи првата дама на Америка, Мишел Обама.Најуспешен филм на овогодишното доделување на филмските награди е авантуристичкиот Животот на Пи. Овој фил освои четири статуетки – за режија (Ан Ли), за филмска музика, камера и специјални ефекти.Даниел Деј Луис го доби Оскарот за најдобра машка главна улога, за своето остварување во Линколн, додека статуетката за најдобра женска главна улога го доби Џенифер Коренс за улогата во комедијата „Silver Linings Playbooks“.Наградите за споредна машка и женска улога ги освоија Ен Хетевеј и Кристоф Валц. Филмот Љубов на Михаел Ханеке го освои Оскарот за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.
МакфаксАрго, кој е втемелен на вистински настан, на режисерот Бен Афлек, го доби Оскарот за најдобар фил ма годината, на свеч