Археолошко наоѓалиште во Егејското Море чува остатоци на десетици древни бродови

Остатоци од 45 бродови, од кои некои древни, беа откриени крај грчките острови Фурни во Егејското Море. Архипелагот е едно од најбогатите подводни археолошки наоѓалишта.Оваа година крај островите се откриени 23 потонати бродови кои се додаваат на 22. наоди од минатата година, меѓу кои има трговски бродови од римската ера и архаичниот период (800-480 година п.н.е.).
-Покрај бродските остатоци, подводните богатства на Фурни вклучуваат стотици керамички предмети кои сведочат дека архипелагот имал функција на трговски крстопат во Егејското Море, гласи соопштението на грчкото Министерство за култура.
Интересни откритија од 2016 година вклучуваат два трговски брода од римската епоха, едниот е дојден во архипелагот од Црното Море, а другиот пренесувал стока од римските колонии во Северна Африка.
Досега, археолошката работа на морското дно околу Фурни има зафатено само 15% од архипелагот.Оваа година крај островите се откриени 23 потонати бродови кои се додаваат на 22. наоди од минатата година, меѓу кои има трговски бродови

Пронајдете не на следниве мрежи: