Арифи, Бејта и Меџити се исплашија дека ќе бидат збришани на локалните избори

Стравот на ДУИ дека ако влезе во владина коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, ќе ги загуби локалните избори во мај, била втората главна причина, по двојазичноста и пописот, зошто не се случи договорот за состав на влада меѓу победничките партии, пишува Дневник.Зошто Ахмети се повлече?
Kако што дознава „Дневник“, завчерашната изјава на Талат Џафери дека главната пречка во преговорите настанала кога на маса било ставено прашањето за Специјалното јавно обвинителство, всушност, е неточна – бидејќи СЈО било спомнато само неколку секунди, еднаш на почетокот на разговорите, но дискусијата не продолжила.
Имено, во финалето на разговорите изминатиот викенд, во саботата, 80 проценти од членовите на ДУИ го поддржувале Ахмети во намерата да формира влада со Никола Груевски. Но, како што дознаваме, во неделата по 17 часот се случил пресврт под влијание на Теута Арифи, Невзат Бејта и Изет Меџити, по што мнозинството застанало во нивна поддршка, па Ахмети во страв да не биде изолиран и да не крахира партијата, на крајот се повлекол.
-Според нашите извори, меѓу аргументите Арифи нагласила и дека нејзината сестра работи во фондацијата финансирана од Џорџ Сорос, во која порано била и член на Одборот, па се заканила и дека ако се реализира заедничка влада со ВМРО-ДПМНЕ, таа ќе излезе од партијата. Вториот нејзин аргумент, но и на Бејта, бил дека по ударот што ДУИ го доби на декемвриските избори, само партнерство со СДСМ може да ги спаси од дебакл на претстојните локални. Иако Ахмети, како што брифираат изворите, се противел на нивните ставови, нагласувајќи им дека токму поради СДСМ ги изгубија албанските гласови, сепак, на крајот ја прифатил тезата како нова политичка реалност за ДУИ, пишува Дневник.
Со други зборови, потпретседателите покажале загриженост дека постои можност на следните локални избори со кандидати Албанци од СДСМ, ДУИ да бидат поразени од партијата на Зоран Заев во најважните општини со доминантно албанско население, како Чаир, Тетово, Гостивар, Струга, Арачиново и други. Но ако успеат да се договорат со СДСМ да се поддржуваат едни со други во различни општини, тогаш ДУИ би можела да излезе со крената глава од следните локални избори.
Иако некој од присутните споменал дека ДУИ на тој начин станува разгранок на СДСМ, сепак преовладала тезата дека е најважно да се „преживеат локалните избори, за другото потоа“. Преовладал наметнатиот страв на Ахмети дека одејќи во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ ќе остане без главните ресурси – големите општини, односно дека СДСМ и Беса ќе станат доминантни албански партии во Македонија.
И Бејта со свои аргументи во полза на коалиција со СДСМ
Освен причините што ги изнеле Арифи и Меџити во полза на коалицирање со СДСМ, свои аргументи имал и Бејта. Според нашите информации, Бејта стравувал од можноста кривично да биде гонет за сторени финансиски кривични дела при изградба на локални патишта, односно градени без тендер. За да ги прикрие сторените дела, Бејта налагал тендери да се објавуваат по една година за патишта што веќе се готови.
Според извори на Дневник, силна улога врз промената на ставот на ДУИ доцна во неделата имало и Соросовото влијание, пренесено преку влијанието на неколку локални дипломати, кои буквално оделе од човек на човек со убедувања да не се прифати коалицијата со Груевски. Иако Ахмети на состанокот спомнал дека има поддршка од две од трите најголеми партии во Албанија, од главните политички партии на Kосово, од новата администрација во САД и од некои европски држави, за коалиција со Груевски, сепак, од неколкумина присутни, повеќепати било спомнувано дека некои локални дипломати им го сугерирале спротивното.
Во неформалните разговори надвор од седницата, дел од присутните го отвориле прашањето дали ДУИ треба да остане верна на соросоидните влијанија во ситуација кога Сорос стана не само главен непријател на ВМРО- ДПМНЕ, туку и на новата администрација на Доналд Трамп. Сепак, на партиската седница никој не се осудил јавно да го каже тоа.
За време на партиските разговори во ДУИ, за издвојување бил ставот на поранешниот министер за локална самоуправа Тахир Хани, според кого, „сега е вистинскиот момент ВМРО-ДПМНЕ да ја моли ДУИ на колена и да бидат притиснати да прифатат с` што тие бараат“.
И ЗАКОН ЗА НВО СТАВЕН НА МАСА
На заедничката средба, според нашите извори, покрај другите, ВМРО-ДПМНЕ изнела предлог за носење закон со кој би се оневозможило некомерцијално финансирање од странство на телевизиите и другите медиуми. Kако што е познато, Сорос со свои пари и со парите доверени од УСАИД дава многу пари во вид на грантови или т.н. проекти во опозициските медиуми со цел нивно корумпирање и наведување да ги прокламираат политиките на оние што им плаќаат, а не да имаат сопствена уредувачка политика. „Телма“, „Алсат“ и поголем број други медиуми во Македонија се приматели на огромни вакви пари.
Од ВМРО-ДПМНЕ побарале законски измени со кои сите НВО ќе бидат задолжени на своите веб-страници детаљно и прецизно да ги објават сите свои приходи и расходи, односно целосна транспарентност во нивното работење.
Ова би вклучувало и информации за тоа од кого точно доаѓаат парите за каква намена и во каква форма, по која основа, со наведување на секое физичко и правно лице.Зошто Ахмети се повлече?
Kако што дознава „Дневник“, завчерашната изјава на Талат Џафери дека главната пречка во преговорите на

Пронајдете не на следниве мрежи: