Арифи се спрема за нов мандат додека тетовската депонија продолжува да труе

Додека тетовската градоначалничка теута Арифи се томи за нов мандат, тетовската депонија продолжува да ги труе граѓаните од вториот по големина македонски град.Иако, до последен момент се шпекулираше дека потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи ќе биде дел од новиот владин состав, сепак таа останува повторно да се бори на локалните избори за градоначалничкото место.
– Ова ќе бидат новите реформски министри кои ќе ги спроведуваат потребните реформи. Нема да бидам дел од новата влада и повторно ќе се кандидирам за градоначалничка на Тетово, затоа што сакам да ги решам проблемите на Тетовци – истакна Арифи.
И додека Арифи се подготвува за нов мандат, дивата депонија за смет на влезот во Тетово и понатаму се шири. Сега сметот почна да се истура на надвозникот од патот, па тони и тони отпадоци му висат над глава на секој кој со автoмобил влегува во Тетово.
Сметот се натрупува, се фрла тука се и сешто, па дури и остатоци од заклани животни. Тоа, пак, освен што создава неподнослива миризба која се шири сѐ до куќите и зградите на влезот во градот, преставува и голема опасност од избивање на зараза.
„Минатиот градоначалник на Тетово Сади Беџети целиот свој мандат се бореше и нѐ убедуваше дека ќе га расчисти дивата депонија која тогаш беше кај железничката станица. Ја расчисти пред самиот крај на мандатот, но тоа не му помигна повторно да победи на изборите. Сегашната градоначалничка Теута Арифи исто така од почетокот на нејзиниот мандат нѐ убедува дека брзо ќе се реши прашањето со дивата депонија но и таа неуспешно го решава проблемот полни четири години. Еве идат нови локални избори и повторно политичарите ќе нé убедуваат дека тие сигурно ќе ја исчистат депонијата само ако гласаме за нив. А дали да им веруваме се прашувам?“, вели за порталот СДК Јашар Р. кој живее на стотина метри од оваа дива депонија.Иако, до последен момент се шпекулираше дека потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи ќе биде дел од новиот владин состав, сепак таа останува повторн

Пронајдете не на следниве мрежи: