Основачот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) и првиот премиер на независна Хрватска, Јосип Манолиќ (95), тврди дека Жељко Ражнатовиќ Аркан и продал на Хрватска 12 камиони полни со оружје кои , наводно ги дал за негово ослободување од затворот Реметинец. Тој исто така тврди дека на поранешниот претседател на Хрватска, Фрањо Туѓман, за два милиони германски марки му го дал видеозаписот за воените злосторства во Овчара.
Манолиќ неодамна објави политички мемоари со наслов “Политиката и татковината” во кои на страницата 232 се вели дека двете најважни случувања во врска со Аркан ” не треба да останат државна тајна, без разлика што некои денес силно го сакаат тоа”, пренесува загребскиот портал „Телеграф“.Основачот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) и првиот премиер на независна Хрватска, Јосип Манолиќ (95), тврди дека Жељко Ражнатовиќ Аркан и