Аркан сакал развод поради Дорис Драговиќ?

Хрватската пејачка и покојниот командант на Српската доброволна гарда во текот на 80-тите наводно биле во сериозна врска, која за малку можела да заврши со брак.Хрватската пејачка Дорис Драговиќ наводно била заљубена во Жељко Ражнатовиќ Аркан, и долго биле во сериозна врска, а тој неретко знаел да се пофали дека пејачката е „чудо во кревет“.
– Тоа беше врска базирана на страсти, особено кога збориме за Аркан, – вели изворот кој наведува дека нивната љубов цветала на крајот од 80-тите, непосредно пред да почнат немирите во поранешна Југославија.

– Во тоа време често ги фалеше нејзините вештини во кревет, додека Дорис беше заљубена како тинејџерка. Беа на работ да се венлаат. Жељко уште тогаш почна да размислува за развод од тогашната сопруга Наталија – додава изворот.

 
Пејачката и Аркан криеле дека се во врска но постојано излегувале заедно во белградските клубови.
– Фрката во стара Југославија уште не беше почната, но веќе постоеше тензија. Аркан често ја убедуваше да се пресели во Белград, а таа велеше дека тоа ќе го направи штом тој се разведе од Наталија. Сите контакти нивни прекинаа кога Аркан беше уапсен во 1990 година.

Аркан набргу потоа ги основал „Тигрите“ и се вклучил во воените случувања во поранешна Југославија, а Дорис се омажила за ватерполистот Будимир. Ражњатовиќ, Цеца ја запознал во 1993 година и пред неа често давал пофални зборови за Дорис, а пејачката полудувала.Хрватската пејачка Дорис Драговиќ наводно била заљубена во Жељко Ражнатовиќ Аркан, и долго биле во сериозна врска, а тој неретко знаел да се пофали

Пронајдете не на следниве мрежи: