Армијата на Република Македонија во Стајковци формираше оперативен штаб во Стајковци од каде се координираат сите работи на Армијата заедно со останатите субјекти кои се вклучени со расчистување на последиците од силното невреме кое се случи во саботата, информира потполковник Тони Јаневски, портпарол на ГШ на АРМ.Војската оттука се координира со полицијата и за регулирање на сообраќајот. Воената полиција е на терен и се регулира сообраќајот кај влезот во Стајковци се со цел на градежната механизација да и се овозможи полесен влез и излез од поплавените подрачја.
Јаневски информира дека во Смилковци војската му помага на населението, се расчистуваат дворовите и подрумите, а се дели и вода и храна.
Во Стајковци се чисти калта, војниците работат со водните пумпи онаму каде е потребно и се доставуваат оброци и вода за населението.
Јавните претпријатија и голем број доброволци се на терен, сите институции меѓусебно се координираат и работат на терен.Војската оттука се координира со полицијата и за регулирање на сообраќајот. Воената полиција е на терен и се регулира сообраќајот кај влезот во Ста