Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски во недостиг на конкретни проекти и ангажмани со кои би се занимавал наместо да се забавува на Фејсбук, вчера реши да се исмева со една од најпрепознатливите и најискрени фигури од македонската рокенрол сцена, Симеон Иванов – Канго.Канго е човек за кого фановите велат дека е рокер „до коска“ за кого никој нема ниту еден лош збор, и е еден од ретките автентични ликови на сцената во Македонија.
Но, автентичноста на ликовите често им пречи на оние „другите“, па така Жерновски на својот Фејсбук профил реши да ја објави песната на Симеон Иванов – Канго „Аманет“, покрај која зајадливо прашува: „Каде може да се набави ЦД од оваа убава и, пред се, патриотска песна?“
„На истото место каде што може да се слушне Стив Аоки“, му одговори еден Фејсбук коментатор на градоначалникот Жерновски кој во последно време е познат единствено по пропаднатиот обид во Скопје да организира концерт на скапо платениот диџеј.
Официјалното објаснување беше дека концертот „се одложува за првата наредна прилика“ поради врнежите од дожд кои според Жерновски завршиле предоцна за Аоки воопшто да може да почне навреме и со својот сет да не ги вознемирува жителите на општина Центар.
УМС на ВМРО-ДПМНЕ го обвини Жерновски дека селфито со Стив Аоки е најскапо селфи во историјата, бидејќи скопјани Стив Аоки имаа можност да го видат само на слика – токму на селфито со Аоки кое после вечерата во „Воденица“ го направи Жерновски.Канго е човек за кого фановите велат дека е рокер „до коска“ за кого никој нема ниту еден лош збор, и е еден од ретките автентични лико