Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска учествуваше на Меѓународната конференција „Применети интернет и информатички технологии, во организација на Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ)-Битола.Во фокусот на оваа дводневна конференција, е да се олесни спроведувањето на Интернетот и информатичките технологии, во сите области на човековата активност.
Арсовска Томовска одржа презентација на тема: “Паметни Влади – применети интернет и информатички технологии за подобри јавни услуги“, при што ги претстави досегашните достигнувања на Република Македонија на тоа поле, како и идните планови и предизвици. Заблагодарувајќи се за поканата за учество, Министерката ја поздрави иницијативата на Факултетот за информатички и комуникациски технологии за организацијата на вакви настани кои имаат за цел, студентите и младите информатичари од прва рака да можат да го видат планот за иден ИКТ развој на нивната земја.
Инаку, свое обраќање имаа и Деканот на ФИКТ Пеце Митревски како и Проректорот Светлана Николовска. На конференцијата во Битола, своите истражувања и достигнувања ќе ги презентираат 113 професори, истражувачи и стручни лица од ИТ компаниите од 12 земји (Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Романија, Унгарија, Русија, Мексико, Етиопија, Египет, Индија и Виетнам).Во фокусот на оваа дводневна конференција, е да се олесни спроведувањето на Интернетот и информатичките технологии, во сите области на човековата а