Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска од 14-16 јуни учествуваше на престижната програма за лидери, во организација на Универзитетот Харвард во САД. Целта на програмата е размена на искуства и најдобри практики за дизајнирање на модерни јавни услуги, обезбедени од страна на централните и локалните власти. Програмата е од затворен тип, на покана и наменета за високи владини претставници и експерти од областите на јавните политики и информациско-комуникациските технологии, кои покажале значително лидерство во своето поле на работа во својата земја или во меѓународни рамки.Поканата за учество на министерката Арсовска Томовска и нејзиното присуство таму како единствен претставник од регионот, доаѓа како признание за визијата, лидерството и резултатите кои Република Македонија ги постигна во изминатиот период, а кои се однесуваат на воспоставување на регулаторна и технолошка платформа за ефикасна јавна администрација и квалитетни електронски услуги. Во тој контекст, министерката имаше извонредна прилика на Универзитетот Харвард да презентира дел од македонските решенија за дигитална трансформација на јавниот сектор.
Програмата “Лидерство за поврзан свет” ја води д-р Антонио Офтели од Центарот за Технологии и претприемништво на Факултетот за инженерство и применети науки на Харвард. Предавачи на програмата оваа година беа проф. Дејвид Агер од Факултетот за бизнис на Харвард и проф. Сенди Петланд од Масачусетс Институтот за Технологии (MIT), кој воедно е и најцитиран автор на денешницата во областа на информатиката. Меѓу предавачите беше и Слоан Гибсон, Заменик државен секретар на САД, кој раководи со US Department of Veterans Affairs. Учесниците на програмата имаа извонредна можност да разменат искуства како креативноста, иновациите, социјалната физика и т.н. ”blackchain” трансакции можат да помогнат за поголема сервисна ориентација на јавната администрација и позадоволни корисници на јавни услуги.
Во текот на престојот на Харвард, министерката одржа работни средби со високи владини претставници на САД меѓу кои и со Аарон Сноу, директорот на 18Ф, американската федерална канцеларија за дигитални сервиси. На средбите беа разгледани можностите за идна соработка.
Инаку, Универзитетот Харвард е основан во 1636 година во Кембриџ, Масачусетс и има 21.000 студенти на додипломски и постдипломски студии, како и годишен буџет од 40 милијарди долари. Познати алумни на Харвард се осум претседатели на САД, меѓу кои Рузвелт, Кенеди, ЏорџБуш и Барак Обама, но и Бил Гејтс, Марк Цукерберг, Бан КиМун и други. Харвард е рангиран како најдобар Универзитет во светот, години наназад.Поканата за учество на министерката Арсовска Томовска и нејзиното присуство таму како единствен претставник од регионот, доаѓа како признание за ви