За тема за младински политички дијалог, потпретседателот на УМС Димче Арсоски, говореше за учеството на младите како дел од најголемата политичка партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ.-Ние имаме претставници во сите структури, имаме претставници во извршниот комитет кое е највисоко тело на партијата, имаме свои претставници во Централниот комитет, како и претседатели на Општински комитети. Тоа е доволен показател дека стекнале доволно искуство додека биле членови на УМС, подвлече Арсоски.
Младите од УМС се дел од креаторите на политики за млади, кои до сега даваат успешни резултати.
-Дел од министрите, како Диме Спасов и Спиро Ристовски биле и дел од Унијата на млади сили и тоа е показател дека низ текот на годините ние креираме кадри кои ја водат како и партијата така и државата. Илија Димовски, Антонио Милошоски, Влатко Ѓорчев, нашиот претседател Никола Груевски, тоа се сите луѓе кои што потекнуваат од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, подвлече Арсовски.-Ние имаме претставници во сите структури, имаме претставници во извршниот комитет кое е највисоко тело на партијата, имаме свои претставници во Це