Арсовски: ВМРО-ДПМНЕ е партнер со младите

УМС на ВМРО-ДПМНЕ заедно со директорот на Агенцијата на млади и спорт Марјан Спасески денеска имаа средба со младите од Охрид каде што разговараа за проекти, младински политики и за потребите на младите.Потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се грижи за младите и решавање на нивните проблеми ,а не разговара за деструкција, за црни сценарија и за уништување на нашата држава.
-Пред година дена имавме кампања каде што прибиравме идеи од сите млади за нашата програма за претстојните избори. Од тие проекти би ги издвоил 40 мега проекти од кои дури 27 се фокус само на студентите кои што се наш битен сегмент, рече Арсовски.
Како поважни  проекти за  Охрид ,тој ги издвои Конгресниот центар , спортската сала која што ќе се изгради во Универзитетот Св. Апостол и Павле и Скејт паркот кој што е влезен во програмата за 2017 година.
-Тоа се проекти одлични за охриѓани кои влеваат доверба кај младите. Од друга страна опозицијата се расфрла во ветувања кои на ниту еден начин не кажуваат како ќе ги реализираат. Ние како ВМРО-ДПМНЕ сме партнер со младите , така ќе продолжиме и понатаму, рече Арсовски.
Директорот на АМС Спасески посочи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминативе 10 година покажува и докажува како треба да се работи во  интерес на граѓаните и пред се во интерес на младите.
-АМС во изминатите неколку години инвестираше многу во постоечката и во изградба на нова спортска инфраструктура во Охрид . Нашата вкупна инвестиција во Охрид изнесува некаде околу 72 милиони денари и тука се опфатени изградбата на спортската сала во селото Велгошти, поставувањето на вештачка трева на фудбалското игралиште, изградба на тениски терени, повеќенаменски игралишта, фитенс зони, рече Спасески.
Тој посочи дека во моментов се гради најкапиталниот спортски објект кој што во изминативе педесетина се изградил во Р. Македонија, а тоа е затворениот пливачки базен кој што беше децениска желба на охриѓани.Потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се грижи за младите и решавање на нивните проблеми ,а не разговара за де

Пронајдете не на следниве мрежи: