Основачот на Викиликс Џулијан Асанж денеска предупреди дека во својата кампања за откривање на тајни ќе објави нови документи кои се однесуваат на демократскиот кандидат за претседател на САД, Хилари Клинтон, а кои би можеле да бидат од клучно влијание на резултатите од изборите.Асанж, кој живее во Амбасадата на Евкадор во Лондон од 2012 година, изјави за Фокс телевизија дека Викиликс истражил илјадници страници материјал.
– Голем број документи се од различни институции, кои се поврзани со изборната кампања и се многу интересни, а некои дури се и забавни, наведе Асанж.
Тој додаде дека документите сигурно ќе бидат објавени пред изборите закажани на 8-ми ноември.
Пред одржувањето на Демократската национална конвенција, минатиот месец, Викиликс објави речиси 20.000 мејлови од адресите и серверите на демократите.Асанж, кој живее во Амбасадата на Евкадор во Лондон од 2012 година, изјави за Фокс телевизија дека Викиликс истражил илјадници страници материјал.