Асанж откри дека американските разузнавачки служби местеле избори во европските земји

Џулијан Асанж изјави дека ќе бидат објавени уште информации за тоа како Хилари Клинтон и американските разузнавачки служби се мешаат во европската политика.Основачот на Викиликс, изјави дека европската политика ќе биде шокирана од новите информации за тоа како американските разузнавачки служби ги местат европските избори и ги шпионираат политичарите.
Тој во скорешно интервју за холандската телевизија Nieuwsuur, изјави: „Знаеме дека Националната агенција за безбедност (NSA) не е таа која што најагресивно ги шпионира другите нации. Набавивме докази кои наскоро ќе се објават, а кои укажуваат на тоа дека американските разузнаваќки служби се мешаат во изборите во европските држави.“
Исто така, Асанж додаде дека поседува мноштво необјавени документи за кампањата на Хилари Клинтон, фондацијата Клинтон и DNC, кои наскоро ќе бидат објавени.
„Постои голем интерес за изборите во САД и многумина ни пратија материјали кои нема да ги објавиме сѐ додека не утврдиме дали информациите се точни“ – рече тој.
Изјавата на Асанж е објавена накратко откако беше обвинет дека објавил 20.000 интерни мејлови на Демократскиот национален комитет (DNC), за кои се шпекулира дека ги набавиле руски хакери.
Иако вистинскиот извор на мејловите е непознат, многу компании за сајбер безбедност дошле до докази кои упатуваат на тоа дека во компјутерската мрежа на DNC се инфилтрирале хакерските групи Fancy Bear и Cosy Bear.
Во мејловите се наоѓаат докази дека виши функционери на DNC се здружиле за да ја минираат кампањата на сенаторот Берни Сандерс. Поради оваа контроверза, директорот за комуникации, финансискиот директор и извршниот директор дале оставка.
Исто така, Викиликс неодамна наведе дека ќе понуди 20.000 долари за било каква информација за убиството на Сет Рич од DNC, иако не е наведено дали токму тој понудил политички информации на таа организација. Полициската истрага не утврди никаква поврзаност.
„Се надеваме дека нашите напори ќе му помогнат на неговото семејство кое бара било какви информации. Зад себе имаме историја за набавка на информации кои имаат допринесено за многу правни случаи, па дури и за судски процеси“ – наведуваат од Викиликс.Основачот на Викиликс, изјави дека европската политика ќе биде шокирана од новите информации за тоа како американските разузнавачки служби ги места

Пронајдете не на следниве мрежи: