Асанж: По мојата следна објава на Викиликс, Хилари ќе оди во затвор!

Основачот на Викиликс, Жулиен Асанж, изјави дека Викиликс дошле до информации што гарантираат обвинение против Хилари Клинтон, откако ќе бидат објавени наскоро, пренесоа американските медиуми.За време на неодамнешното интервју со ITV, Асанж изјави дека неговата следна објава ќе „овозможи доволно докази“ за Хилари да биде уапсена.
Викиликс веќе објави 30,322 пораки испратени преку електронска пошта од приватниот сервер на Клинтон, во периодот од 30 јуни 2010 год. до 12 август 2014 год. Иако Асанж не нагласи што точно има во пораките, тој сепак изјави дека Викиликс има „натрупано многу материјал за Хилари Клинтон, што може да води до обвинение“.
Асанж навести дека мејловите што се спремни за објава содржат нови информации за Фондацијата Клинтон. Тој исто така потсети дека претходнообјавените е-мејл пораки содржат комуникација во која Клинтон дава упатство на вработен да ги отстрани сите подесувања за доверливост од официјалниот начин на комуникација на Стејт Департментот и да ги прати преку „несигурен“ канал. Асанж посочува дека администрацијата на Обама во тоа време кривично гонеше многу од свиркачите за непочитување на процедурите на владата при ракувањето со доверливи документи.
Во врска со тековната истрага на ФБИ, Асанж не изрази голема верба дека Правниот оддел на администрацијата на Обама кривично ќе ја гони поранешната државна секретарка.
„Невозможно е тие да ја обвинат Клинтон, но ФБИ може да прави притисок за нови отстапки од владата на Клинтон во замена за недостатокот на материјал за покренување обвинение.“.
Викиликс одамна и е трн во око на поранешната државна секретарка, која го повика претседателот Обама кривично да го гони познатиот сајт на свиркачи по оддавањето на доверливи информации од Стејт Департментот во 2010 година. Жулиен Асанж останува закован за амбасадата на Еквадор во центарот на Лондон, откако Еквадор вети дека нема да го предаде основачот на Викиликс на авторитетите во САД.
За време на неодамнешното интервју со ITV, Асанж изјави дека неговата следна објава ќе „овозможи доволно докази“ за Хилари да биде уапс

Пронајдете не на следниве мрежи: