Aсимилаторската политика на Атина

Грчкиот претставник во Лигата на народите, господин Василис Вендрамис, објави дека македонословенскиот јазик не е “ниту бугарски, ниту српски, туку е независен јазик''. Тој, исто така, изготви и лингвистички мапи, кои ги покажуваат областите каде што се зборува македонски.По првата светска војна, со договорот од Севр во 1920 година, Грција се обврза на малцинствата од негрчко потекло да им даде извесни права. Но, власта во Атина, спротивно на договорот, вршеа угнетување и протерување на Македонците од Егејска Македонија, при што реагираше и Лигата на народите.
Во одговор на зачестените критики во Лигата на народите дека Грција не го почитува Севрскиот договор за правата на малцинствата, Атина даваше ветување дека уште истата година ќе овозможи по основните училишта во Македонија да се воведе мајчиниот јазик на тамошното население. Така, за да ги потврди своите намери, грчката влада образува посебна тричлена комисија при Министерството за просвета (Папазахариу, Сајакчис и Лазару) со задача да состави буквар за македонските деца. Комисијата успешно ја изврши задачата и го направи и навреме го отпечати букварот токму пред започнувањето на учебната 1925 година.
Букварот, наречен „Абецедар”, беше отпечатен на македонски јазик, односно на јазикот кој се зборувал во Лерин и Битола. Во оваа книга беше употребена латинична азбука, а јазикот значително се разликуваше од бугарскиот. Грчкото министерство за просвета изготви законска уредба за училиштата на малцинствата, со која би се овозможила настава на мајчин јазик по училиштата во зависност од желбите и искажувањата на родителите дека во нивните места се говори друг јазик, а не грчкиот. Овој Буквар беше доставен и до Лигата на народите како доказ дека грчката Влада ги исполнила своите ветувања за македонското малцинство.
Грчкиот претставник во Лигата на народите, господин Василис Вендрамис, објави дека македонословенскиот јазик не е “ниту бугарски, ниту српски, туку е независен јазик''. Тој, исто така, изготви и лингвистички мапи, кои ги покажуваат областите каде што се зборува македонски.
Меѓутоа, букварот никогаш не виде бел ден и никогаш не дојде во рацете на македонските деца. Веднаш уследи запленување на букварот и беа сопрени мерките за отворање на малцински училишта за македонските деца во Егејска Македонија.
Ползувајќи го антагонизмот и ривалската борба на балканските држави околу Македонија, Атина ја продолжија денационализаторската и асимилаторската политика спрема Македонците во Грција, со примена на разновиден политички и економски притисок и терор.
Од 1926 година семејните имиња на Македонците беа погрчувани. Македонските географски имиња беа заменувани со грчки имиња, а македонските натписи во црквите беа отстранувани. Црковните служби на македонски јазик беа забранети. Во 1936 година, во времето на диктатурата на Метаксас, македонскиот јазик беше забранет.
Грчката армија активно е вклучена во спроведувањето на денационализаторската и асимилаторската политика на Атина. За тоа говори и „извештајот на поручникот Г. Сакеларопулос до Вториот воен корпус  во Лариса за преземените мерки и акции од внатрешни и од надворешен карактер“ од 25 ноември 1932 година.
Во „Извештајот за состојбата во Леринско“ поручникот Г. Сакеларопулос бележи:
„I. ВНАТРЕШНИ – Да се осигури брз и на самото место тесен контакт и соработка меѓу воените власти од една и управните, општинските, полициските и другите цивилни власти (црковни, просветни итн.) од друга страна, кои имаат еедиште во округот Лерин (Флорина) и Кожани заради координација на нивните акции во поглед на набљудувањето и неутрализирањето на странските пропаганди и на комитски акции, собирање (централизација) и испитување на податоците од секаков вид, договарање на мерките заради развивање на спортот, на националистичките организации, извидништвото, како и на националната свест во приведените области, составување на статистички информации и, најпосле, акција за проучување и запознавање од интерес за Воениот корпус.
 
II. НАДВОРЕШНИ – Активност на ПКП (Политички центар на претседателот на владата во Атина). – За исполнувањето на својата мисија во внатрешноста… Особено се вложени големи напори за тесна соработка со просветните и црковните власти во чии раце се наоѓаат најефикасни средства за националното превоспитување на младината и наррдот, а според тоа и за асимилација на населението кое зборува на туѓи јазици. Оваа соработка добро се одвиваше во почетокот благодарејќи на добрата волја на соодветните власти или што изгледа поверојатно, поради стравот од појавата на независна служба меѓу нив, која (служба) има, како што тогаш се претпоставуваше, диктаторски права, но соработката понатаму почна, во зависност од откривањето на вистинската сила на ПКП, да опаѓа и фактички се ограничи на окружниот началник, на митрополитот, на овдешниот надзорник на вишата настава, а формално и на другите власти…
 
Откако е проучена и испитана ситуацијата овде како се формира ставот на „бугарогласното” население (кое зборува македонски – н.з.) се реши едногласно дека е невозможно да се постигне целта со ограничените акции на овдешните власти… туку со преземањето на сериозни мерки (кои се во надлежност на управата).
 
Додека беше таква положбата на црковните работи, сосема е разбирливо дека повеќето од селата во овој округ се без свештеници, а од оние што ги има, мнозинството во душата и по изгледот Бугари – скоро се сосема без образование. На оваа околност и се припишува постоењето на стариот календар и придржувањето кон него.
 
Околината на Лерин обично се смета од чиновниците за место на конфинирање, и сите се убедени дека се упатени овде затоа што паднале во немилост кај своите претпоставени и поради тоа од првиот ден почнуваат да работат за своето преместување одовде во центарот на Стара Грција.
 
Предложени мерки што треба да се преземат
 
1.  Самоуправување на околиите Лерин (Флорина), Костур (Касторија) и Воден (Едеса).
2. Чистење на учителскиот кадар, преместување на месните луѓе во внатрешноста и засилување на училишниот персонал.
3.  Чистење на свештенството од „бугарски настроените” бугарски свештеници и доведување еден број образоваии и националисти.
4.  Чистење на чиновничкиот кадар.
5.  Отстранување на опасните (бугараши).
6.  Наметнување на јазикот.
7.  Доделување земја на борците без земја.
8.  Отстранување на 28. баталјон.
9.  Организирање на вистинска разузнавачка служба.
10. Засилување на националистичките организации.
 
Сите гореприведени мерки се дадени на разгледување на специјалниот Совет, кој се состана во месец декември минатата година под претседателството на г. Министер-претседателот, а во кој учествуваа и генералниот гувернер на Македонија и окружниот началник на Лерин, беа прифатени со исклучок на првата, затоа што не е во согласност со Уставот.
 
По ова советувамње сите поверуваа дека овој пат дефинитивно ќе се реши замрсениот проблем на асимилацијата на населението во областа на трите споменати околии.
 
Политичките фактори што ги споменавме погоре, изиграа, како што можеме да дознаеме, важна улога во осуетувањето на мерките што се приведени на друго место тргнувајќи од своите лични и себични интереси, зашто на тој начин и главно со чистењето на чиновничкиот апарат ќе им исчезне земјата под нозе и ќе престане срамната експлоатација на бугарски настроените жители на оваа област на кои овие им служат како заштитници и протектори во сите случаи добивајќи од нив за оваа заштита не мали награди.
 
… Од Леринскиот округ повеќе од 50 (учители) се сосем неподобни и треба што побрзо да се отстранат, или да се отпуштат од служба или да се преместат во Стара Грција… Ниту еден од учителите со сомнителна национална свест не е преместен одовде во внатрешноста, во област каде што се зборува грчки.
 
… Клерот се наоѓа во исто таква жална состојба. Сите бугарски настроени попови и натаму остануваат на своите места, а ниту еден способен од Стара Грција не е испратен, како што беше ветувано на надлежно место. Поголемиот број од селата кои зборуваат словенски остануваат без свештеник.
 
Прашањето за отстранувањето на опасните бугараши е основен услов за асимилација на населението, бидејќи овие се спојната алка помеѓу бугарскиот комитет и населението кое зборува словенски и претставуваат најсериозната пречка за асимилација… Ниту еден од 50 и повеќе испратени до комитетот за безбедност, веројатно агенти на бугарскиот комитет, не е отстранет со што се донекаде охрабрени во продолжувањето на својата противнародна акција.
 
За наметнувањето на јазикот исто така ништо не е направено… продолжува рекламирањето на стоката на бугарски јазик па човек мисли, особено кога е пазарен ден, дека не се наоѓаме на грчка земја.
 
Во развивањето на националистичките организации човек е принуден да се бори не само со пасивната резистенција на словенското население во оваа област туку и против рамнодушноста на интелигенцијата, меѓу која се наоѓаат многу огорчени непријатели на овие националистички организации… (во бугарското село Ксинорено-Екшису – еден шеф на партијата на Папанастаси ги нарекол припадниците на национа-листичката организација ЕЕЕ чудовишта и ѓубре)…
 
Постои, меѓутоа, друга една точка во која акцијата на канцеларијата беше доста плодна. Тоа е составувањето на статистика за етнографскиот состав на населението во Леринскиот (Флорински) округ, исто толку подробна колку и совршена во секој поглед, придружена со специјални извештаи и забелешки за опасните лица во округот, и поставувајќи ги еднаш за секогаш работите на свое место, со сигурност може да послужи како предмет за проучување од страна на надлежните. За нејзиното составување е вложено особено внимание, поради што и може да се каже дека нејзините информации се сосема близу до стварноста.
 
Се успеа, некаде со застрашување, некаде со убедување да се наговорат учителите од средното и основното образование целата настава со Словените да земе правилен правец. Макар и за момент се заплашени и останатите чиновници, а од оваа состојба произлегоа многу користи.“
Овој извештај е испратен од Г. Сакеларопулос, пешад. поручник во Лерин од 25 ноември 1932 г. до „II Воен корпус”. ПЌБ. Дел. бр. 562, Канцеларијата II во Лариса (Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и национална држава, Том II, Скопје, 1981 – АМ. – Ф. Димитар Влахов. К. 21, А. Е. 86 стр. 58 – 61).
Бугарија го користи Севрскиот договор за малцинските права и успева на 29 септември 1924 година во Женева да потпише Протокол со кој грчката влада официјално го признава постоењето на бугарско малцинство во Грција. Протоколот потпишан од министрите за надворрешни работи Калфов и Политис, никогаш не се спроведе, како поради енергичниот одговор на кралството на СХС така и поради стравот на Атина од бугарските претензии на Егејска Македонија. Подоцна југословенската влада на 17  август 1926 година ќе потпише повеќе спогодби во кои успева да добие согласност од генералот Пангалос дека Македонците во Грција ќе ги прогласи за Срби. Но овие спогодби никогаш не биле ратификувана од грчкиот парламент. Иако овие спогодби не се ратификувани, Грците за Македонците од Грција го употребуваат погрдниот назив „Бугари“ што може да види и извештајот на Г. Сакеларопулос.По првата светска војна, со договорот од Севр во 1920 година, Грција се обврза на малцинствата од негрчко потекло да им даде извесни права. Но, вла

Пронајдете не на следниве мрежи: