Аспиринот ги намалува шансите за рак и други видови на болести!

Неодамна Истражувачите од Националниот институт за рак открија дека секојдневната консумација на аспирин, кој содржи антиканцерогени состојки, ги намалува шансите за рак на јајниците кај жените. Но, тоа не е сè. На годишно ниво за овој лек во просек се спроведуваат околу 3500 студии со цел да се истражи неговото дејство. Најупотребуван лек на светот
Аспиринот за прв пат стана дел од фармацевтската индустрија во 1899-та година кога беше воведен со цел да се справи со ревматската треска. Во 1950-та година влезе во Гинисовата книга на рекорди како најпродаван лек на светот, па можете да замислите колку се консумира и се користи во денешно време.  Многумина го пијат без да знаат Оние кои мислат дека никогаш во животот не земале аспирин се лажат бидејќи многу лекови во својот состав содржат аспирин. 

Се корист за олеснување на повеќе од 50 симптоми  Најчесто се користи во случај на треска, артритис, стомачни болки, проблеми со спиење, мигрена, главоболка и симптоми на настинка. Но, неговата употреба е уште пораспространета бидејќи секојдневно се препознаваат нови позитивни ефекти од неговото дејствување.
Силен сојузник против ракот Истражувањата покажуваат дека аспиринот го намалува растењето на канцерогените клетки кај 11 типови на рак.  Добар е за мозокот Луѓето кои редовно земаат аспирин имаат помал ризик за развој на Алцхајмер и деменција. Се верува дека тој го оневозможува згрутчувањето на крвта и го подобрува протокот на крв до мозокот. 

Го намалува ризикот од срцев удар и напад Со тоа што оневозможува згрутчување на крвта аспиринот им помага на оние кои имаат срцеви заболувања да го намалат ризикот од срцев удар и напад. 
Никогаш не треба да се консумира без храна Доколку земете аспирин на гладно срце постои голема можност да си го раздразните стомакот, па дури и да предизвикате крвавење. Освен тоа треба да внимавате и на дозата.  Децата не би требало да го земаат Во случај детето да има сипаница, симптоми на грип или други вирусни заболувања не се препорачува да му се дава аспирин бидејќи на тој начин се зголемуваат шансите истото да заболи од Рејев синдром.  Како и многу други лекови така и аспиринот може да има многу несакани ефекти како:
гастро-интестинални проблеми како чиреви, болки, грчеви, гастритис и слично
– зуење во ушите, исфрлања по кожата, вртоглавица
– влошување на симптомите на асма
– зголемување на ефектот на други лекови
– влијание врз згрутчувањето на крвта

Предозирање води кон оглувување Според истражување објавено во American Journal of Medicine луѓето кои редовно земаат аспирин 2 -3 пати во неделата го зголемуваат ризикот да го ослабнат слухот.  Реагира со 472 други лекови Аспиринот може да има интеракција со многу други лекови како антидепресанти, агенси за разретчување на крвта, лекови за дијабетес и слично. Затоа се препорачува доколку земате други лекови пред да се определите да пиете и аспирин потребно е да се консултирате со вашиот лекар. 
Извор: IDIVIDIНајупотребуван лек на светот
Аспиринот за прв пат стана дел од фармацевтската индустрија во 1899-та година кога беше вовед

Пронајдете не на следниве мрежи: