Астероидот 2012 DA14 со размер од 45 метри ќе мине во петокот рекордно блиску до Земјата, но нема никаква опасност од можен судир со планетата, објави американската агенција за вселенски истражувања NASA.Астероидот најблиску до Земјата ќе мине ноќта во петок во 20,24 часот по македонско време, кога ќе се наоѓа на 27.680 километри над површината на планетата, или една тринаесетина од оддалеченоста од Месечината до Земјата, доаѓајќи поблиску отколку што е прстенот на сателитот во геосинхроната орбита на Земјата.Се наведува дека станува збор за рекордно блиско минување на крај Земјата за некој познат вселенски објект со ваква големина, имајќи предвид дека астероидот 2012 DA14 ќе мине дури и под орбитата на која кружат околу Земјата геостационарните метеоролошки и телекомуникациски сателити. Тоа е толку блиску, но сепак далеку над поголемото мнозинство сателити вклучувајќи ја и Меѓународната вселенска станица (ISS) којашто кружи над Земјата на оддалеченост од околу 350 километри.Геостарционарните сателити во орбитата кружат на височина од 35.786 километри над екваторот и ја следат насоката на земјината ротација. Објект во таа орбита има ист орбитален период како и Земјата, и за набљудувачите од површината се чини како е да е фиксиран на небото.Траекторијата на астероидот 2012 DA14 кој има маса од 130 тони може многу прецизно да се пресмета и нема апсолутно никакви можности за судир со Земјата, наведуваат научниците на NASA.Пречникот на телото е околу 45 метри а неговата маса изнесува 130 тони, така што моќноста на експлозијата што ќе се случи во случај кога такво тело би се судрило со Земјата, би била еквивалент од детонација на 2,4 мегатони ТНТ. Во моментов, пресметките покажуваат дека судир со нашата планета е исклучено, но сепак, неговата орбита ќе биде многу променета, велат од друга страна руските научници.Астероид со таква големина во случај на удар може да направи голема штета на површината на Земјата, а научниците сметаат дека удар на сличен вселенски објект ја предизвикал легендарната експлозија во Тунгуската област во Сибир во 1908 година, во која биле уништени повеќе од 2.000 квадратни километри шума.Астрономите од програмата на NASA за објекти блиски на Земјата NEO, Пол Чодас и Дон Јеоманс сметаат дека астероидот ќе мине покрај Земјата со многу голема брзина од околу 7,8 километри во секунда во насоката од југ кон север, или со брзина од 28 илјади километри на час во своето најбрзо минување за најмалку следните три децении.„Дури и покрај тоа што ќе мине блиску крај Земјата, астероидот со помош на силните оптички телескопи ќе биде видлив само како мала светла точка“, изјавија научниците на NASA.„Програмата за објекти во близина на Земјата на NASA може точно да ја предвиди траекторијата на астероидот врз основа на добиените резултати од следењето и оттаму се знае дека нема никакви изгледи астероидот да биде на траекторија на судар со Земјата”, соопштија пред десет дена претставници на NASA од центарот во Пасадена, во американската сојузна држава Калифорнија.„Сепак, прелетувањето ќе понуди единствена можност за истражувачите одблиску да проучуваат еден вакво објект во близина на Земјата”, се додава во соопштението.Астероидот 2012 DA14 е откриен во 2012 година од страна на научниците од опсерваторијата Ла Сагра во Шпанија. Астероидот до неодамна правеше круг околу Сонцето на секои 368 денови, иако со минувањето крај Земјата идната седмица својот орбитален период ќе го намали на 317 денови.Прелетот на Астероидот 2012 DA14 ќе претставува интересна појава за набљудувачите на небото, а ќе биде видлив како светла точка низ двоглед мали телескопи во текот на „блиската средба”. Најдобро ќе може да се забележи од источна Европа, Азија и Австралија.Астероидот 2012 DA14 откако ќе пролета многу блиску до Земјата на 15-ти февруари, многу ќе се смени својата орбита и ќе премине во друга класа на мали планети – од групата Аполони во групата Атони, според пресметките Леонид Еленин од рускиот Институт за применета математика „Келдиш”.Групата астероиди, коишто се во близина на Земјата, со приближно исти орбити, астрономите ги комбинираат во групи, кои се именувани според најмногу „видливите” астероиди.Така групата Аполон имаат поголема полуоска на орбитата повеќе од една астрономска единица (што е просечна оддалеченост од Земјата до Сонцето), но минималното растојание од Сонцето кај „аполоните” е поблиску од најблиското приближување меѓу Земјата и Сонцето. Оттаму, нивната траекторија може да ја пресече орбитата на Земјата.Астероидите од групата Атон имаат поголема полуоска помалку од 1 астрономаска единица (Ау), но најдалечната точка на нивните орбити се наоѓа подалеку од најблиската кон Сонцето точка на орбитата на Земјата. Затоа, „атоните”, исто така, може да ја пресечат земјината орбита, но „од друга страна”.Пресметките на Еленин покажуваат дека по „блиската срдба” со Земјата поголемата полуоска на орбитата на астероидот 2012 DA14 ќе се намали од 1 на 0,9 астрономски единици, перихелионата далечина од 0,89 на 0,83 астрономски единици, а афелионот од 1,11 на 0,9 астрономски единициТака, астероидот 2012 DA14 всушност ќе мине во другата класа по пролетувањето крај Земјата. „Може да се каже дека тој ќе стане поопасен. Астероидите од групата Атон многу е потешко да се откријат и потешко да се следат”, вели Еленин.
МакфаксАстероидот 2012 DA14 со размер од 45 метри ќе мине во петокот рекордно блиску до Земјата, но нема никаква опасно