Во рамките на понатамошно зголемување на производството, Астон Мартин наскоро може да започне со изградба на нова фабрика и тоа веројатно во Македонија, пренесува Индекс.хр.Раководството на британскиот автомобилски произведувач Астон Мартин ја разгледува Македонија како можна дестинација за изградба на нова фабрика, извести хрватскиот протал, повикувајќи се на Ројтерс.
Британската компанија пред неколку месеци направи листа од 19 потенцијални дестинации за изградба на нова фабрика, по што во потесен избор влегле две локации на Островот, една во американската сојузна држава Алабама и една на Блискиот исток, соопштено е во декември.
Меѓутоа, во последните неколку недели Македонија, како наведува „Ројтерс“, му достави подобра понуда на британскиот произведувач, кој од порано прецизирал дека секоја потенцијална финансиска поддршка ќе биде важен фактор при изборот.
„Македонија е најновиот кандидат, кој пред тоа беше отфрлен“, се наведува во изворот.
Астон Мартин планира да го зголеми обемот на производство на околу 15.000 единици до крајот на деценијата и да го произведува својот DBX кросовер во нова фабрика.
Сѐ уште никој не излезе да ги коментира овие тврдења на Ројтерс, она што беше наведено е дека конечната одлука ќе биде донесена во наредните неколку недели.