Луксузната автомобилска марка „Астон Мартин“, почнува да нуди неколку соодветни и престижни искуства на клиенти.Пакетот од екскурзии и додатоци за богатите се вика „Уметност на живеењето“ (Art of Living). Дел од него се свилени марами, скапи часовници и очила, но далеку поимпресивни се патувањата.
Учесниците ќе видат познатото рели „Ле Ман“ директно од штабот на тимот на Астон Мартин, а по настанот, хелипотерот со кој дошле, ќе ги одведе во приватен замок.
Дел од тур-пакетот се и ексклузивни посети на најдобрите винарии во американската држава Калифорнија и задкулисен поглед на работата на модните куќи во Париз.
„Портфолиото на производи `Уметност на живеењето` содржи во себе иста грижа и квалитет, коишто се очекуваат од спортските автомобили на Астон Мартин. Сакаме нашите клиенти да станат дел од начинот на живот на Астон Мартин“ – вели менаџерката на брендот Катја Баси.
Британската марка не е единствената која нуди нешто повеќе од автомобили на своите клиенти. „Ленд Ровер“ веќе организира специјални одмори, заедно со луксузниот туроператор „Аберкомби и Кент“. Студиото „Порше Дизајн“, пак нуди свои модификации на телефони „БлекБери“ и полици за книги направени од спојлери.Пакетот од екскурзии и додатоци за богатите се вика „Уметност на живеењето“ (Art of Living). Дел од него се свилени мара