Црните дупки се познати по тоа дека… се црни, се разбира. Тоа се вселенски тела, чија гравитација е толку силна, што не дозволува дури и на светлината да избега од нив.Тоа значи дека тие практично не можат да бидат видени, бидејќи не емитуваат електромагнетни бранови. Но, наскоро можеби ќе имаме можност да видиме една таква црна дупка.
Меѓународната соработка меѓу астрономите ја втемели идејата за Event Horizon Telescope (EHT). Тоа е низа од голем број радио телескопи, кои работејќи заедно можат да подготват слика на вселенски објект во радиочестички дијапазон на спектарот. За да се случи тоа, инженерите од МИТ (MIT) развиле алгоритам кој ќе ги складира сликите фатени од секој од телескопите. На овој начин ќе биде можно да се набљудува масивната црна дупка Sagittarius A * во центарот на нашата галаксија Млечен пат.
Сепак, настојувањето е исклучително тешко, бидејќи колку и да е масивна, оваа црна дупка има дијаметар од само 17 пати поголем од оној на Сонцето и се наоѓа на 25 000 светлосни години од Земјата.
Алгоритмот од MIT, наречен CHIRP (Continuous High-resolution Image Reconstruction using Patch priors), ќе помогне овој потфат да биде спроведен успешно и се надеваме дека ќе можеме да уживаме во првата слика на црна дупка уште во 2017 година.
Извор: IFLSТоа значи дека тие практично не можат да бидат видени, бидејќи не емитуваат електромагнетни бранови. Но, наскоро можеби ќе имаме можност да ви