Астрономите откриле уште една оддалечена планета за која се претпоставува дека се наоѓа во населената зона околу својата матична ѕвезда. Станува збор за тн. супер-Земја, која се наоѓа на оддалеченост од 20 светлосни години.Астрономите подолго време го негирале постоењето на егзопланетата ГЈ 581д, која се наоѓа 20 светлосни години од Земјата, откако беше откриена во 2014 година. Тие сметале дека станува збор за шум во податоците, кој бил предизвикан од дамките што се наоѓаат на ѕвездите, како што се оние на Сонцето.
Но, тим астрономи од Универзитетот Кралицата Мери во Лондон, инсистираат на тоа дека планетата постои, откако ги преиспитале методите со кои и бил откриен.
Супер-Земјата беше идентификувана уште во 2009 година, во орбитата околу ѕвездата Жил 581. Главниот автор на научното истражување за пронаоѓањето на егзопланетата ГЈ581д, д-р Гиљем Англада-Ескуде, истакнува дека откривањето на таа планета е очигледен пример за применетата Доплер техника за откривање на егзопланетите, пренесува „Метро“.
„Секогаш постојат дебати меѓу научниците за тоа како се интерпретираат податоците. Дали начинот на кој се однесуваме кон тие податоци е вистинскиот, па потоа некои истражувања за тие планети треба да поминат низ сериозна ревизија во повеќе опсерватории, бидејќи сите се насочени кон откривање на уште помали планети“, заклучи Ексуде.Астрономите подолго време го негирале постоењето на егзопланетата ГЈ 581д, која се наоѓа 20 светлосни години од Земјата, откако беше откриена во 20



