Астрономите регистрирале сигнал на 240 светлосни години од Земјата

Астрономите овој сигнал го уловиле преку рентген и претпоставуваат дека можеби станува збор за ново откритие на полето на астрономијата за црната амса во Универзумот.Речиси 85% од Универзумот се состои од темна маса и не емитува светлина како небесните тела. Мистериозниот сигнал од икс-зраци е регистриран од збирот галаксии наречени Персеј со сондата за рентгенско надгледување на НАСА.
Персеј е едно од најголемите небесни тела во Универзумот, и се состои од илјадници галаксии кои заедно создаваат температура од над 10 милиарди степени, што го прави Персеј најтоплото тело во Универзумот. Поради големата топлина, Персеј може да емитува икс-зраци.

Се смета дека овој необичен сигнал е емитуван од т.н. стерилни неутрони, кои доаѓаат во контакт со другите честици под дејство на гравитацијата. Астрономите велат дека ако овој сигнал доаѓа од познат елемент, тогаш лесно би се препознала брановата должина регистрирана со сондата, но овој сигнал има бранова должина некарактеристична за електроните на ниту еден познат елемент.
По објавувањето на ова откритите, реагираа и научници од Холандија и јапонија кои дошле до слични резултати преку нивни истражувања. Затоа сега се чека споредба и комбинирање на овие пронајдоци, по што можеби ќе се одгатне една од најголемите мистерии на Универзумот.Речиси 85% од Универзумот се состои од темна маса и не емитува светлина како небесните тела. Мистериозниот сигнал од икс-зраци е регистриран од зби

Пронајдете не на следниве мрежи: